Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Информатор 2016 година

Информатор бр. 44

Информатор бр. 45

Информатор бр. 46

Информатор бр. 47

Информатор бр. 48

Информатор бр. 49

Информатор бр. 50

Информатор бр. 51

Информатор бр. 52

Информатор бр. 53

Информатор бр. 54

Информатор бр. 55

Информатор бр. 56

Информатор 2015 година

Информатор бр. 33

Информатор бр. 34

Информатор бр. 35

Информатор бр. 36

Информатор бр. 37

Информатор бр. 38

Информатор бр. 39

Информатор бр. 40

Информатор бр. 41

Иформатор бр. 42

Информатор бр. 43

Информатор 2014 година

Информатор бр. 21

Информатор бр. 22

Информатор бр. 23

Информатор бр. 24

Информатор бр. 25

Информатор бр. 26

Информатор бр. 27

Информатор бр. 28

Информатор бр. 29

Информатор бр. 30

Информатор бр. 31

Информатор бр. 32

Повик за поднесување на понуди – Специјално возило за собирање на смет, контејнери и канти

Почитувани, во документот прикачен подолу можете да го најдете повикот на општина Новаци за набавка на Специјално возило за транспорт на комунален отпад, контејнери и канти. Поднесувањето на понуди ќе се спроведе преку процедурите за национално конкурентно наддавање (NCB), како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA кредити (од Јануари 2011 година).

Апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 пред големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник – Мала Богородица. Оваа година имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава Рождество на Пресвета Богородица ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот. Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.

Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч.

Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020 (понеделник) со почеток во 08ч .Верата во Бога, надежта во Неговата неизмерна милост и љубовта кон нашиот ближен нека ни бидат составен дел од нашето секојдневие, при тоа не заборавајќи дека силен потпорник имаме во ликот на Мајката Божја – Богородица!

Нека ни е за многу години празникот!
Општина Новаци

Информација за електронска платформа pomagame.mk

Почитувани,

Лансирана е новата веб страница www.pomagame.mk!

На неа се поставени информации од сите општини со краток опис за услугите што ги нудат во услови на КОВИД 19, како и кратка видео обука за сите ангажирани лица.

Превентивни мерки на територијата на општина Новаци

Почитувани жители на општина Новаци, за превенција на ширењето на COVID-19 (корона вирусот), општина Новаци воведе превентивни мерки, кои можете да ги најдете во прикачениот документ подолу. Ве молиме, почитувајте ги сите мерки и препораки на Владата како и сите мерки и препораки на општината.

Back to top
Skip to content