Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 45та седница на Совет на општина Новаци

45та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 01.034.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 44-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Програма за субвенционирање на трошоци од работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци за 2024г;
  3. Разгледување и донесување нa Правилник за користење на службени мобилни телефони за Градоначалникот, советниците и вработените во општинската администрација на Општина Новаци;
  4. Разгледување на Барање за субвенционирање од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  5. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 44та седница на Совет на општина Новаци

44та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 43-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Статут за измена и дополнување на Статутот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2023 г.;
  4. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Општина Новаци за 2023 г.;
  5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во Општина Новаци за 2023 год.;
  6. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална хигиена“– Новаци за 2023 год.;
  7. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за 2023 год.;
  8. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на МЈП „Пелалинк“ за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 год.;
  10. Разгледување на Барање од Црковен одбор на манасторот „Св. Ѓоргија“ од с. Паралово  за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци за одбележување на панихида;
  11. Советнички прашања.    

.

Соопштение за Јавен увид – Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Д3 – Теренски градби за спорт и рекреација на КП 1744, КП 1746, КП 1747, КП 1748, КП 1749, КП 1751, КП 1752, КП 1753 и дел од КП 1203, КО Зовиќ 1

Се известуваат сите граѓани на Општина Новаци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Д3 – Теренски градби за спорт и рекреација на КП 1744, КП 1746, КП 1747, КП 1748, КП 1749, КП 1751, КП 1752, КП 1753 и дел од КП 1203, КО Зовиќ 1. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 07.03.2024 до 25.03.2024 година.

Соопштение за одржување на 43та седница на Совет на општина Новаци

43та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.02.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 42-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Програма за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјоделски канавки покрај локални и полски патишта во Општина Новаци за 2024 година;
  4. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програмата за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  5. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Планот за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  6. Разгледување и донесување на Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2024 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество на Општина Новаци за реализација на проект;
  8. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршен попис на инвентар, опрема и возила за 2023 год. и Извештајот на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и усвојување на Годишна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за период од 01.01.2023 – 31.12.2023 година;
  10. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за разрешување на 3 (три) члена од Надзорен одбор и именување на нови членови;
  11. Разгледување и донесување на Решение за именување на членови во заедничката комисијата за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Новаци и Општина Могила;
  12. Советнички прашања.

Соопштение за Јавен увид – Фотонапоснки панели до 7.2 MW на дел од КП 88/4 – КО Гнеотино

Почитувани, почнувајќи од 20.02.2024 година па се до 07.03.2024 година, ќе има јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност од 7.2 MW на дел од КП 88/4 – КО Гнеотино, Општина Новаци. Соопштението и Урбанистичкиот проект ги имате подолу:

Соопштение за Јавен увид – Фотонапоснки панели до 7MW на дел од КП 88/4 – КО Гнеотино

Почитувани, почнувајќи од 20.02.2024 година па се до 07.03.2024 година, ќе има јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност од 7 MW на дел од КП 88/4 – КО Гнеотино, Општина Новаци. Соопштението и Урбанистичкиот проект ги имате подолу:

Јавен увид и консултација по Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за село Рибарци, општина Новаци

Јавен увид и консултација по Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за село Будимирци, општина Новаци

Јавен увид и консултација по Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за село Градешница, општина Новаци

Back to top
Skip to content