Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 54та седница на Совет на општина Новаци

54та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.10.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 53-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.09.2024 год.;
  4. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци за сезоната 2024/25;
  5. Разгледување и донесување на Програма за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за учество на Јавниот повик и реализација на Програмата за работно ангажирање „Јавни работи“;
  7. Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2024 год.;
  8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за трајно отстапување на возило;
  9. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за период од 01.07.2024 до 30.09.2024г.;
  10. Разгледување и усвојување на Одлука за утврдување на цените за услугите на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за 2023г.;
  12. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2024/25 год.;
  13. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на воннаставните активностите во учебната 2024/25 год.;
  14. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.07.2024 год. до 30.09.2024 год.;
  15. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.07.2024 до 30.09.2024 год.;
  16. Разгледување на Барање од ООУ„Славко Лумбарковски“ Новаци за 25 таблети за учениците од IV одд.;
  17. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за набавка на компјутери и компјутерска опрема за кабинетот по Информатика;
  18. Разгледување на Повик за финансиска помош од Црвениот крст на РСМ за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина;
  19. Разгледување на Барање од „МИСТ-ЕТМ“ Дооел за отстапување на простор и финансирање на патни трошоци за организирање на настава по англиски јазик во с. Новаци;
  20. Разгледување на Барање од Црковен одбор на манастирот „Св. Петар и Павле“ с. Рапеш за набавка на градежни матерјали за изградба на манастирот;
  21. Разгледување на Барање од ЗФК „Далбеговци 2023“ за финансиски средства за есенската натпреварувачка сезона 2024 год.;
  22. Разгледување на Барање од Мендо Божиновски (овчар) од с. Суводол, за финансиска помош поради штета направена врз овци од страна на диви кучиња;
  23. Разгледување на Барање од жители на с. Новаци за санација и асфалтирање на улица;
  24. Разгледување на Барање од Здружение за развој и промоција на духовни идеи „Св.Илија“ с. Живојно за набавка на градежен матерјал ( 20 мᶟ песок);
  25. Разгледување на Барање од МЗ на с.Долно Орехово за набавка на водоводни елементи;
  26. Разгледување на Преглог за донација (поставување на урбана опрема) од ДПГУ ИВЕА КОНСТРАКШН ДООЕЛ и донесување на Одлука за прифаќање на донацијата;
  27. Разгледување на Барање од Младинска граѓанска акција за реконструкција на тоалетите во Младинскиот културен центар;
  28. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди за опожарениот манастир „Св. Илија“ во с. Гнилеш;
  29. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Јавен оглас за вработување на неопределено време

Меѓуопштинското јавно претпријатие МЈП ПЕЛАЛИНК објавува јавен оглас за вработување на даватели на услуги на неопределено време. Истиот е објавен и во три дневни веснивии тоа: Нова Македонија, Слободен Печат и Лајм.

Јавен повик- Јавни работи о.Новаци

Почитувани, Општина Новаци објавува Јавен повик до евидентирани невработени лица со ниски квалификации за ангажирање на 20 лица за Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво.

Соопштение – Јавен увид

Почитувани, Општина Новаци организира Јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА нов 20 kV кабелски вод низ (КО Новаци, КО Новаци – вон град, КО Добромири, КО Горно Агларци, КО Долно Агларци, КО Далбеговци) – Општина Новаци и реконструкција на ТС „Далбеговци“, кој ќе трае 15 дена почнувајќи од 01.10.2024 до 23.10.2024 година.

Соопштение за одржување на 53та седница на Совет на општина Новаци

53та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 52-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Годишен план за вработување за 2025 год. на Општина Новаци;
  3. Разгледување на барање од ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за финансиска помош поради непредвидени трошоци во 2024 год.;
  4. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2025 год. на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
  5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци за 2023/2024 год.;
  6. Разгледување и усвојување на Годишена програма за работа на ЈОУДГ „Бамби“ Новаци за 2024/2025 год.;
  7. Разгледување на Одлука за добивање на Согласност за работа на воспитните групи со поголем односно помал број на деца во ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
  8. Разгледување на Одлука за утвдрување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Бамби“ Новаци;
  9. Разгледување на Барање од МЗ Грумази за изградба на 4-ри поилки за напојување на стоката;
  10. Разгледување на Барање за финансиски средства од КУД „Новаци“ Новаци ;
  11. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за одржување на 52та седница на Совет на општина Новаци

52та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 23.08.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 51-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год. (ребаланс);
  3. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансискки средства за подмирување на трошоци направени за време на пожарите на територија на Општина Новаци;
  4. Разгледување и усвојување на Измена на Годишен план за вработување за 2024 год. на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци;
  5. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2025 год. на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци;
  6. Разгледување и усвојување на Измена на Годишен план за вработување за 2024 год. на МЈП „Пелалинк“- Битола;
  7. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2025 год. на МЈП „Пелалинк“- Битола;
  8. Разгледување на Барање за градежен матерјал од Црковен одбор на црквата „Мала Богородица“ од с.Бач;
  9. Разгледување на Барање за финансиски средства од ПЗ „Мариовско Пелагониски Пчелари“ ( јавен повик);
  10. Разгледување на Барање за финансиски средства од Еколошко друштво „Кајмакчалан“ с. Маково ( јавен повик);
  11. Разгледување на Барање за финансиски средства од КУД „Новаци“ Новаци (јавен повик)
  12. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за одржување на 51ва седница на Совет на општина Новаци

51ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.07.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 50-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување на 23 Барања доставени на Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на Општина Новаци за 2024 година ;
  3. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 01.07.2023 до 29.02.2024 год. од ЗФК „Новаци 2005“;
  4. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 16.04.2024 до 29.05.2024 год. од ЗФК „Новаци 2005“;
  5. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства за период од 30.05.2024 до 05.06.2024 год. од ЗФК„ Новаци 2005“;
  6. Разгледување на Финансиска програма за сезона 2024/2025 год. на ЗФК „Новаци 2005“;
  7. Разгледување на Финансиска програма за сезона 2024/2025 год. ( младинска школа) на ЗФК „Новаци 2005“;
  8. Разгледување на барање од ЗФК Новаци 2005 за фарбање на соблекувална во фудбалско игралиште;
  9. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 50та седница на Совет на општина Новаци

50та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 18.07.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 49-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2024 год.;
  3. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.06.2024 год.;
  4. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.04.2024 до 30.06.2024 год.;
  5. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.04.2024 до 30.06.2024 год.(втор квартал);
  6. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигена“ Новаци за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  8. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за финансии, буџет и ЛЕР при Советот на Општина Новаци по објавен Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на Општина Новаци за 2024 година.
  9. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 49та седница на Совет на општина Новаци

49та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 08.07.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 48-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни стари – деловни простории;
  3. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 година;
  4. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2024/25 година;
  5. Разгледување на Барање за трајно отстапување на столици од Здружение на пензионери – Битола, огранок на пензионери Општина Новаци;
  6. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content