Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Надлежност на советот

(1) Советот:

1. Го донесува статутот на општината и други прописи;

2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;

3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;

4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;

5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;

6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;

7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;

8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;

9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;

10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;

11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;

12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;

13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;

14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и

15. Врши и други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор. 2

(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Back to top
Skip to content