Љубе Кузманоски
Градоначалник
Љубе Кузманоски е роден на 15 јули 1962 година во с. Канатларци, општина Прилеп. Дипломирал на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и по професија е дипломиран менаџер по туризам и угостителство. Своето работно искуство го започнал во 1986 година во најголемиот рударско енергетски капацитет РЕК Битола каде работи се до стапувањето на функција – градоначалник на општина Новаци. Ова е негов прв мандат. Љубе Кузманоски е оженет, татко на два сина.