Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 48ма седница на Совет на општина Новаци

48ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 16.06.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 47-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за организирање на „Фестивал на жетвата – Новаци 2024“;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донации од правни и физички лица за организирње на манифестацијата „Фестивал на жетвата – Новаци 2024“;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско корисна работа 2024/25 год., за реализација на проектот „Ранливи категории 5“;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  6. Разгледување и донесување на Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2024 год.;
  7. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2024 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2024/25 год.;
  9. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки од I до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2024/25 год.;
  10. Разгледување на Барање за финансиска помош од Организационен одбор „Пецак – ПМ 2001“ за организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.01.2024 до 31.03.2024 год.;
  12. Разгледување на Барање за согласност за линеарно зголемување на платите на вработените на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
  13. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Јавн повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-Корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-Корисна работа, проект „Ранливи категории 5“ за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола.

Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации, како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на Општина Новаци за 2024 година

Почитувани, јавниот повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации, како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на Општина Новаци за 2024 година и потребните документи можете да ги најдете подолу:

Соопштение за одржување на 47ма седница на Совет на општина Новаци

47ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.05.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 46-та седница на Совет на Општина
    Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество (кофинансирање) на
    Општина Новаци во вториот повик за финансирање на техничка документација за
    инфраструктурни проекти, како втора фаза на проектот ,,Јакнење на општинските капацитети за
    имплементација на проекти (2022-2026) финансиран од Шведска и Бирото за регионален
    развој во РС Македонија,,;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за прифаќање на донација за изработка на
    проект за скејт парк во Новаци;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за изработка на проект за пречистителна
    станица во Новаци;
  5. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 46та седница на Совет на општина Новаци

46та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 26.04.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 45-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 31.03.2024 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество -кофинансирање на Општина Новаци во реализација на активностите на проект „Зајакнување на луѓето од Пелагонија – II“ ( Small- Scale пилот проекти)
  4. Советнички прашања

Соопштение за одржување на 45та седница на Совет на општина Новаци

45та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 01.04.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 44-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Програма за субвенционирање на трошоци од работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци за 2024г;
  3. Разгледување и донесување нa Правилник за користење на службени мобилни телефони за Градоначалникот, советниците и вработените во општинската администрација на Општина Новаци;
  4. Разгледување на Барање за субвенционирање од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  5. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 44та седница на Совет на општина Новаци

44та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 43-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Статут за измена и дополнување на Статутот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2023 г.;
  4. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Општина Новаци за 2023 г.;
  5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во Општина Новаци за 2023 год.;
  6. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална хигиена“– Новаци за 2023 год.;
  7. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за 2023 год.;
  8. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на МЈП „Пелалинк“ за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 год.;
  10. Разгледување на Барање од Црковен одбор на манасторот „Св. Ѓоргија“ од с. Паралово  за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци за одбележување на панихида;
  11. Советнички прашања.    

.

Соопштение за Јавен увид – Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Д3 – Теренски градби за спорт и рекреација на КП 1744, КП 1746, КП 1747, КП 1748, КП 1749, КП 1751, КП 1752, КП 1753 и дел од КП 1203, КО Зовиќ 1

Се известуваат сите граѓани на Општина Новаци дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Д3 – Теренски градби за спорт и рекреација на КП 1744, КП 1746, КП 1747, КП 1748, КП 1749, КП 1751, КП 1752, КП 1753 и дел од КП 1203, КО Зовиќ 1. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 07.03.2024 до 25.03.2024 година.

Соопштение за одржување на 43та седница на Совет на општина Новаци

43та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.02.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 42-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Програма за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјоделски канавки покрај локални и полски патишта во Општина Новаци за 2024 година;
  4. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програмата за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  5. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Планот за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
  6. Разгледување и донесување на Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2024 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество на Општина Новаци за реализација на проект;
  8. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршен попис на инвентар, опрема и возила за 2023 год. и Извештајот на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и усвојување на Годишна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за период од 01.01.2023 – 31.12.2023 година;
  10. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за разрешување на 3 (три) члена од Надзорен одбор и именување на нови членови;
  11. Разгледување и донесување на Решение за именување на членови во заедничката комисијата за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Новаци и Општина Могила;
  12. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content