Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 пред големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник – Мала Богородица. Оваа година имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава Рождество на Пресвета Богородица ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот. Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.

Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч.

Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020 (понеделник) со почеток во 08ч .Верата во Бога, надежта во Неговата неизмерна милост и љубовта кон нашиот ближен нека ни бидат составен дел од нашето секојдневие, при тоа не заборавајќи дека силен потпорник имаме во ликот на Мајката Божја – Богородица!

Нека ни е за многу години празникот!
Општина Новаци

Back to top
Skip to content