Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Јавен повик за членови на Совет на млади на општина Новаци

Се известуваат сите заинтересирани млади лица, невладини организации, здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и регистрирани облици на организирање на младите кои сакаат активно да даваат предлози, мислења, да соработуваат со Советот на општина Новаци и активно да се вклучат во јавниот живот на општината, да конкурираат на следниот повик. Документот е прикачен подолу.

Конкурс за објава на идејно решение број 1/2018 за Подигање на спомен обележје на загинатите војници во Првата Светска војна на т.н. Солунски фронт во с. Брод, општина Новаци – Партерно уредување и подигање на споменик на жртвите изработен од камен (20.08.2018)

Почитувани, како прикачен документ подолу го имате Конкурсот за објава на идејно решение број 1/2018 за Подигање на спомен обележје на загинатите војници во Првата Светска војна на т.н. Солунски фронт во с.Брод, општина Новаци – Партерно уредување и подигање на споменик на жртвите изработен од камен.

Оглас за ангажман на проектен и финансиски менаџер (26.06.2018)

Општина Новаци објавува оглас за ангажирање на проектен менаџер и финансиски менаџер за потребите на проектот „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области“ – AGROWCHAIN кој ќе биде имплементиран во рамките на ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Грција – Република Македонија 2014 – 2020. Огласот го имате како прикачен документ подолу.

Повик МСИП „Уредување на поројот во с.Гермијан“, о. Новаци

Општина Новаци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат „Уредување на поројот во с. Гермијан“, општина Новаци. Повикот можете да го најдете во прикачениот документ подолу.

Јавен повик за учество на Културно-Забавно Лето „Новаци 2018“

Здружението на граѓани за мода ПИКСИ СТУДИО – Новаци објавува јавен повик за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“.

Апликацијата:

Се повикуваат сите заинтересирани да се пријават за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини и невладини организации од областа на културата, како и поединци за проекти од:

  • музичко и музичко-сценска уметност;
  • театар;
  • ликовна уметност;
  • видео, фото и филмска уметност;
  • литература;
  • фолклор;
  • нови уметности.

Повикот трае од 11.05 до 25.05.2018 година.

Заинтересираните, користејќи ја апликационата форма на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“, своите предлози можат да ги испраќаат по електонски пат на следниот e-mail: modnosdudiosanel@yahoo.com со назнака за Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“, како и на следниот e-mail: novacio@t.mk – Општина Новаци.

Пополнувањето на апликацијата за учество е задолжителна а истата е достапна на веб страната на Општина Новаци.

Телефон за контакт: Благоја 070 350 222, Петар 078 282 388.

Понудите за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“ ги очекуваме најдоцна до 25.05.2018 година до 15:00 часот.

Предлозите ќе бидат разгледани од програмската комисија за што ќе бидете благонавремето известени.

Back to top
Skip to content