Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за учество на Културно-Забавно Лето „Новаци 2018“

Здружението на граѓани за мода ПИКСИ СТУДИО – Новаци објавува јавен повик за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“.

Апликацијата:

Се повикуваат сите заинтересирани да се пријават за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини и невладини организации од областа на културата, како и поединци за проекти од:

  • музичко и музичко-сценска уметност;
  • театар;
  • ликовна уметност;
  • видео, фото и филмска уметност;
  • литература;
  • фолклор;
  • нови уметности.

Повикот трае од 11.05 до 25.05.2018 година.

Заинтересираните, користејќи ја апликационата форма на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“, своите предлози можат да ги испраќаат по електонски пат на следниот e-mail: modnosdudiosanel@yahoo.com со назнака за Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“, како и на следниот e-mail: novacio@t.mk – Општина Новаци.

Пополнувањето на апликацијата за учество е задолжителна а истата е достапна на веб страната на Општина Новаци.

Телефон за контакт: Благоја 070 350 222, Петар 078 282 388.

Понудите за учество во програмата на Културно-Забавно Лето „НОВАЦИ 2018“ ги очекуваме најдоцна до 25.05.2018 година до 15:00 часот.

Предлозите ќе бидат разгледани од програмската комисија за што ќе бидете благонавремето известени.

Back to top
Skip to content