Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Известување за Јавен увид – Јавна расправа

Почитувани жители на општина Новаци, ве известуваме дека почнувајќи од 24.06.2022 до 26.07.2022, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за проект – Урбанистички план вон населено место за Изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувака и помалку загадувачка индустрија, ќе биде достапен за јавен увид. Целосното известување како и соодветната документација ги имате во продолжение:

Нацрт извештај за стратегиска оцена на живоната средина

Известување за настан – Центар за поддршка на згрижувачки семејства

Почитувани жители, ве информираме дека Министерство за Труд и Социјална политика, во соработка со Центар за поддршка на згрижувачки семејства – Битола, на ден 24.06.2022 со почеток во 18:30 часот, на плоштад Магнолија, организираат настан – Подај рака и промени живот! СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ.

Соопштение за одржување на 13та седница на Совет на општина Новаци

13-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 22.06.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичкао-планска документација – црква „Св.Воскресение“ с.Далбеговци
  2. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за одржување на „Фестивалот на жетвата “ на 12 и 13 јули 2022г. во просторот пред манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во с.Новаци
  3. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на општина Новаци во програмата Општинско – Корисна работа 2022/2023 год. на УНДП за реализација на проектот „Ранливи категории-3“
  4. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за учество во Јавниот повик и реализација на Програмата работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од страна на Буџетот на Агенција за вработување на РСМ.
  5. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на родителите на запишани ученици во прво одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци
  6. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за ученици и нивните ментори од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци кои ќе освојат награди на државни и регионални натпревари.
  7. Предлог – Одлука за одобрување на организиран превоз за вработените во општинската администрација на општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно
  8. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.-измена мај 2022г. – Фосилни горива.
  9. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г. – Набавка на песок, чакал и тампон
  10. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г – Набавка на електрична енергија
  11. Предлог – Одлука за пренамена на средства во буџетот на општина Новаци
  12. Доставување на Годишен план за вработување за 2023г. од ООУ„ Славко Лумбарковски “ – Новаци
  13. Доставување на Преглед за формирање на паралелки од ООУ„ Славко Лумбарковски„ – Новаци
  14. Барање за зголемување на буџет за одржување на јавна чистота и времено отстапување на возило од ЈПКД „ Комунална Хигиена“ –Новаци
  15. Барање за зголемување на времено отстапување на косачка машина од ЈПКД „Комунална хигиена-Новаци“
  16. Барање од Одборот на манастирот„ Св.Арангел Михаил“ од с.Скочивир за градежен матерјал за вододвод (црево ф-40 во должина од 600 метри) како и машина за помош при ископ
  17. Барање од Месна заедница и Црковен одбор од село Далбеговци за пренамена на постоечки објект (стара црковна сала) и изградба на црковна капела.
  18. Барање од Месна заедница на село Бач за градежен матерјал за објектите во црквата.
  19. Барање од Црковен одбор на црквата „Св.Петка“ во с. Градешница за праќање на механизација – Скип за израмнување на теренот околу манастирот во атарот на селото.
  20. Барање од Црковниот одбор при Здружението за Развој и ревитализација „Пешта“ с. Градешница за градежен матерјал (1 камион песок и 20 вреќи цемент за реновирање на доводната мрежа, кујната и исправување на објектот за престој на гости) на црквата „Св. Илија“ во с.Градешница. Исто така 1 камион песок и 10 вреќи цемент за реновирање на црквите во селото: „Св.Ѓорги“, „Св. Спас“, „Св. Никола“ и „Св. Димитрија“.
  21. Барање од Здружение за Ревитализација на село Груниште за поправка на локалниот пат за село Груниште и поправка на Регионалната депонија за отпад
  22. Барање од Митре Митревски роден во с.Старавина со место на живеење во Битола за поставување на улично осветлување и за асвалтирање и поплочување на улица од влезот на селото до црквата „Св.Богородица “
  23. Барање од Најдо Калешковски за изградба на водопоило за напивање на добитокот во с.Груниште.
  24. Барање од жителите на „Горна Маала“ од с. Новаци за санација на одводна канализациона мрежа.
  25. Барање од КУД „Новаци“ – Новаци за финансиски средства за учество на меѓународен фолклорен фестивал во Р.Романија во градот Дева во износ од 4 300 евра или 265 000,00 ден.
  26. Барање од ЗФК „Новаци 2011“ за финасиски средства во висина од 75 000,00 ден . за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2022г.
  27. Барање од Здружение на жени Силата на бабата – општина Новаци за обезбедување на превоз за посета на Кнежинскиот манастирски комплекс „Св.Ѓоргија“ во Кичево.
  28. Барање од Добре Котевски за обезбедување на финански средства за набавка на ортопедско помагало за Ѓорги Котевски од с.Добромири како лице со посебни потреби.
  29. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100 000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  30. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.

Дополнување на Дневен ред:

31. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Мендо
Ѓоргиевски од с. Далбеговци

32. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Стојановски
Кире од с. Новаци

33. Предлог – Измена на Програмата за активностите на општина Новаци во областа
на Локалниот економски развој во 2022г.

Јавен повик до евидентирани невработени лица – ОКР

Почиувани, во продолжение го имате јавниот повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа. Огласот трае до 09.06.2022 година до 14:00 часот.

Соопштение за одржување на 12та седница на Совет на општина Новаци

12-тата Свечена седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.06.2022 година со почеток во 10:30 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Отварање на Свечената седница и обраќање на Претседателот на Советот на општина Новаци, Г-ѓа Славица Најдовска Стојковска.
  2. Обраќање на Градоначалникот на општина Новаци, Г-дин Стевче Стевановски.
  3. Обраќање на Градоначалникот на општина Хрпелје – Козина, Р.Словенија, Г-ѓа Саша Ликавец – Светелшек.

Соопштение за одржување на 11та седница на Совет на општина Новаци

Почитувани, ве известуваме дека 11-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се оддржи на 20.05.2022 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправни објекти во идна урбанистичко-планска документација (с.Маково).
  2. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Урбанистички план за село Добромири.
  3. Предлог – Одлука за обезбедување на средства за надоместок за воспоставување на службеност и потполна експропријација за Изградба на цевковод за водоснабдување на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени, општина Новаци.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект “Изградба на плоштад кај куѓата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  5. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект “Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  6. Предлог – измена и дополнување  на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2022 година.
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола.
  8. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и општина Новаци.
  9. Барање од лицето Маја Талевска за разрешување од член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална хигиена“- Новаци и именување на нов член.
  10. Годишен извештај за работењето на Јавно претпријатие за комунални дејности “Комунална хигиена “- Новаци за 2021 г.  и Одлука од Управен одбор за усвојување на истиот.
  11. Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во општина Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на извештајот.
  12. Завршна сметка на ЈПКД “Комунална хигиена“– Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на завршната сметка.
  13. Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци.
  14. Правилник за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци.
  15. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД “Комунална хигиена“ – Новаци.
  16. Барање од Здружение за едукација за заштита од пожари Противпожарна Бригада – Новаци за финансиски средства во висина од 40.000,00 ден. за одржување на противпожарно возило.
  17. Барање од Здружение за негување на традиционални вредности “АМАНЕТ“ за финансиски средства во висина од 15.000,00 ден.
  18. Барање од “КУД Новаци“–Новаци за финансиски средства во висина од 52.000,00 ден. за реализирано учество на фолклорни фестивали во Градско, Радовиш и Македонски Брод.
  19. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100.000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  20. Барање од ЗФК “Пелагонија“ с.Добромири за финансиски средства во висина од 60.000,00 ден. за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2021/2022 г.
  21. Барање од Младинска организација од с.Добрушево за финансиски средства за  организирање на традиционален фестивал на пејачи аматери на македонски народни песни “Добрушево 2022 г.“
  22. Барање од Здружение Меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства во висина од 180.000,00 ден. за организирање на традиционалниот меморијален турнир.
  23. Барање од ЗФК „Новаци 2005“ за финансиски средства во висина од 757.149,00 ден. за подмирување на заостанат долг.
  24. Барање од ЗФК“ Новаци 2005“ за финансиски средства во износ од 491.000,00 ден за крајот на пролетниот дел од сезоната.
  25. Барање од Месна Заедница на с.Будимерци за градежи матерјали (цевка и пластика) потребни за изведба на дренажен систем на црквата “Св. Никола“ во с.Будимерци
  26. Барање од Црковниот одбор на манастирот “Пресвета Богородица“ с.Новаци за градежени материјали за изградба на помошен објект.
  27. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.
  28. Барање од Трајан Стојановски од с.Зовиќ за замена на цевка за собирање на атмосферската вода.

Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична електроцентрала со моќност до 1 MW со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП бр. 468, КП бр. 469 и дел од КП бр. 488 КО Новаци вон г.р., о.Новаци

Информатор 2022 година

Информатор на општина Новаци бр. 93 (Јануари/Февруари 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 94 (Март 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 95 (Април 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 96 (Мај 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 97 (Јуни 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 98 (Јули 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 99 (Август 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 100 (Септември 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 101 (Октомври 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 102 (Ноември 2022 година)

Информатор на општина Новаци бр. 103 (Декември 2022 година)

Back to top
Skip to content