Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 11та седница на Совет на општина Новаци

Почитувани, ве известуваме дека 11-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се оддржи на 20.05.2022 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправни објекти во идна урбанистичко-планска документација (с.Маково).
  2. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Урбанистички план за село Добромири.
  3. Предлог – Одлука за обезбедување на средства за надоместок за воспоставување на службеност и потполна експропријација за Изградба на цевковод за водоснабдување на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени, општина Новаци.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект “Изградба на плоштад кај куѓата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  5. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект “Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  6. Предлог – измена и дополнување  на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2022 година.
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола.
  8. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и општина Новаци.
  9. Барање од лицето Маја Талевска за разрешување од член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална хигиена“- Новаци и именување на нов член.
  10. Годишен извештај за работењето на Јавно претпријатие за комунални дејности “Комунална хигиена “- Новаци за 2021 г.  и Одлука од Управен одбор за усвојување на истиот.
  11. Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во општина Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на извештајот.
  12. Завршна сметка на ЈПКД “Комунална хигиена“– Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на завршната сметка.
  13. Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци.
  14. Правилник за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци.
  15. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД “Комунална хигиена“ – Новаци.
  16. Барање од Здружение за едукација за заштита од пожари Противпожарна Бригада – Новаци за финансиски средства во висина од 40.000,00 ден. за одржување на противпожарно возило.
  17. Барање од Здружение за негување на традиционални вредности “АМАНЕТ“ за финансиски средства во висина од 15.000,00 ден.
  18. Барање од “КУД Новаци“–Новаци за финансиски средства во висина од 52.000,00 ден. за реализирано учество на фолклорни фестивали во Градско, Радовиш и Македонски Брод.
  19. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100.000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  20. Барање од ЗФК “Пелагонија“ с.Добромири за финансиски средства во висина од 60.000,00 ден. за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2021/2022 г.
  21. Барање од Младинска организација од с.Добрушево за финансиски средства за  организирање на традиционален фестивал на пејачи аматери на македонски народни песни “Добрушево 2022 г.“
  22. Барање од Здружение Меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства во висина од 180.000,00 ден. за организирање на традиционалниот меморијален турнир.
  23. Барање од ЗФК „Новаци 2005“ за финансиски средства во висина од 757.149,00 ден. за подмирување на заостанат долг.
  24. Барање од ЗФК“ Новаци 2005“ за финансиски средства во износ од 491.000,00 ден за крајот на пролетниот дел од сезоната.
  25. Барање од Месна Заедница на с.Будимерци за градежи матерјали (цевка и пластика) потребни за изведба на дренажен систем на црквата “Св. Никола“ во с.Будимерци
  26. Барање од Црковниот одбор на манастирот “Пресвета Богородица“ с.Новаци за градежени материјали за изградба на помошен објект.
  27. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.
  28. Барање од Трајан Стојановски од с.Зовиќ за замена на цевка за собирање на атмосферската вода.
Back to top
Skip to content