Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 13та седница на Совет на општина Новаци

13-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 22.06.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичкао-планска документација – црква „Св.Воскресение“ с.Далбеговци
  2. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за одржување на „Фестивалот на жетвата “ на 12 и 13 јули 2022г. во просторот пред манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во с.Новаци
  3. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на општина Новаци во програмата Општинско – Корисна работа 2022/2023 год. на УНДП за реализација на проектот „Ранливи категории-3“
  4. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за учество во Јавниот повик и реализација на Програмата работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од страна на Буџетот на Агенција за вработување на РСМ.
  5. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на родителите на запишани ученици во прво одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци
  6. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за ученици и нивните ментори од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци кои ќе освојат награди на државни и регионални натпревари.
  7. Предлог – Одлука за одобрување на организиран превоз за вработените во општинската администрација на општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно
  8. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.-измена мај 2022г. – Фосилни горива.
  9. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г. – Набавка на песок, чакал и тампон
  10. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г – Набавка на електрична енергија
  11. Предлог – Одлука за пренамена на средства во буџетот на општина Новаци
  12. Доставување на Годишен план за вработување за 2023г. од ООУ„ Славко Лумбарковски “ – Новаци
  13. Доставување на Преглед за формирање на паралелки од ООУ„ Славко Лумбарковски„ – Новаци
  14. Барање за зголемување на буџет за одржување на јавна чистота и времено отстапување на возило од ЈПКД „ Комунална Хигиена“ –Новаци
  15. Барање за зголемување на времено отстапување на косачка машина од ЈПКД „Комунална хигиена-Новаци“
  16. Барање од Одборот на манастирот„ Св.Арангел Михаил“ од с.Скочивир за градежен матерјал за вододвод (црево ф-40 во должина од 600 метри) како и машина за помош при ископ
  17. Барање од Месна заедница и Црковен одбор од село Далбеговци за пренамена на постоечки објект (стара црковна сала) и изградба на црковна капела.
  18. Барање од Месна заедница на село Бач за градежен матерјал за објектите во црквата.
  19. Барање од Црковен одбор на црквата „Св.Петка“ во с. Градешница за праќање на механизација – Скип за израмнување на теренот околу манастирот во атарот на селото.
  20. Барање од Црковниот одбор при Здружението за Развој и ревитализација „Пешта“ с. Градешница за градежен матерјал (1 камион песок и 20 вреќи цемент за реновирање на доводната мрежа, кујната и исправување на објектот за престој на гости) на црквата „Св. Илија“ во с.Градешница. Исто така 1 камион песок и 10 вреќи цемент за реновирање на црквите во селото: „Св.Ѓорги“, „Св. Спас“, „Св. Никола“ и „Св. Димитрија“.
  21. Барање од Здружение за Ревитализација на село Груниште за поправка на локалниот пат за село Груниште и поправка на Регионалната депонија за отпад
  22. Барање од Митре Митревски роден во с.Старавина со место на живеење во Битола за поставување на улично осветлување и за асвалтирање и поплочување на улица од влезот на селото до црквата „Св.Богородица “
  23. Барање од Најдо Калешковски за изградба на водопоило за напивање на добитокот во с.Груниште.
  24. Барање од жителите на „Горна Маала“ од с. Новаци за санација на одводна канализациона мрежа.
  25. Барање од КУД „Новаци“ – Новаци за финансиски средства за учество на меѓународен фолклорен фестивал во Р.Романија во градот Дева во износ од 4 300 евра или 265 000,00 ден.
  26. Барање од ЗФК „Новаци 2011“ за финасиски средства во висина од 75 000,00 ден . за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2022г.
  27. Барање од Здружение на жени Силата на бабата – општина Новаци за обезбедување на превоз за посета на Кнежинскиот манастирски комплекс „Св.Ѓоргија“ во Кичево.
  28. Барање од Добре Котевски за обезбедување на финански средства за набавка на ортопедско помагало за Ѓорги Котевски од с.Добромири како лице со посебни потреби.
  29. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100 000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  30. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.

Дополнување на Дневен ред:

31. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Мендо
Ѓоргиевски од с. Далбеговци

32. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Стојановски
Кире од с. Новаци

33. Предлог – Измена на Програмата за активностите на општина Новаци во областа
на Локалниот економски развој во 2022г.

Back to top
Skip to content