Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 34та седница на Совет на општина Новаци

34-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 33-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  3. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско-корисна работа 2023/24 година, за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
  5. Разгледување и донесување на  Одлука за одобрување на финансиски средства на сите студенти, жители на Општина Новаци, кои ќе се запишат во прва година – прв циклус студии на државените универзитети во РСМакедонија;
  6.  Разгледување на Годишен план за вработување на МЈП „Пелалинк“- Битола, за 2024 година и донесување на Одлука;
  7. Разгледување на Барање за субвенционирање на обврските на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за потрошена електрична енергија за водоснабдување;
  8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор;
  9. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски “– Новаци за набавка на дигитална инфрастуктура;
  10. Разгледување на Барање од МЗ с. Живојно за еден камион песок, за потребите на црквата „Св.Спас“;
  11. Разгледување на Барање од МЗ од с. Живојно за 3 камиони чакал за санација на патот до црквата „Св.Спас“ и манастирот “Св.Петка“;
  12. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 33та седница на Совет на општина Новаци

33-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.08.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 32-ра седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување на Годишен извештај за работата на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2022/2023 година и донесување на Одлука;

3. Разгледување на Годишна програма за работата на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2023/2024 година и донесување на Одлука;

4.  Разгледување на Годишен план за вработување на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2024 година и донесување на Одлука;

5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за  учество на Јавниот повик и реализација на Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на РСМ;

6. Разгледување на Барање од Црковен одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во Бач;

7. Разгледување на Барање од Црковен одбор и МЗ Зовиќ;

8. Разгледување на Барање од МЗ Орехово;

9. Разгледување на Барање од МЗ Рапеш и Манастирскиот одбор на манастирот Св.Петар и Павле во Рапеш;

10. Советнички прашања.

Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци

Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци, Општина Новаци за плански период 2021 – 2031 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Будимирци и Анкетниот лист.

Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.

Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци

Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022 – 2032 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Рибарци и Анкетниот лист.

Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.

Јавен оглас за вработување на даватели на услуги – Возач на автобус за јавен превоз

Почитувани, подолу може да го најдете јавниот оглас и пријавата за вработување на даватели на услуги – Возачи на автобус за јавен превоз, објавен од страна на МЈП ПЕЛАЛИНК Битола.

Соопштение за одржување на 32ра седница на Совет на општина Новаци

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и усвојување на Извештај  за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во  вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рад, Република Хрватска;
  6. Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
  7. Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за матерјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
  8. Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреарувачката сезона 2023/2024;
  9. Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за одржување на 31ва седница на Совет на општина Новаци

31-ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.07.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 30-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Информирање на Советот на Општина Новаци во врска со постапката за формирање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  5. Разгледување и донесување на Стратегија за локален економски развој на Општина Новаци за период 2023 – 2028 година;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“-Новаци и неговите подрачни училишта, бр.14-105/10 од 31.01.2023 год.;
  7. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за периодот 2023/24 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
  8. Разгледување и усвојување на Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 20223 год. на ЈПКД „ Комунална хигиена “- Новаци;
  9. Разгледување и усвојување на Финансиска програма за сезоната 2023/2024 год. на ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци;
  10. Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023 година, бр.14-1056/12 од 15.12.2022 г. и бр. 14-380/4 од 10.05.2023 год.;
  11. Разгледување и усвојување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2023 година;
  12. Разгледување и донесување на Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни ствари – деловени простории
  13. Разгледување на Барање од Здружение на Пелагониски културно-научни средби при Општина Новаци за финансиска помош за печатење на Зборник од Пелагониските средби одржани 2022 год.;
  14. Разгледување на Барање од Лиле Симоновска од Скопје за ослободување од сметка од ЕВН за улично осветлување;
  15. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content