Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 22та седница на Совет на општина Новаци

22-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.01.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 21-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 до 31.12.2022 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  4. Разгледувањеидонесување наМетодологија за определување на критериуми за доделување на финансиска помош од Буџетот на Општина Новаци на здруженија на граѓани, фондации како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно- уметнички друштва, верски заедници и слично;
  5. Разгледување и усвојување на Предлог Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2023 год.;
  6. Разгледување и донесување  на  Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2023 год.;                              
  7. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување на еднократна парична помош за новородено дете од подрачјето на Општина Новаци;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци  и неговите подрачни училишта;
  9. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на установата ОУ„Славко Лумбарковски“-Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до 31.12.2022 год.;
  10. Разгледување и усвојување на Статутарна одлука за дополнување на основен Статут на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на ЈОУДГ „Бамби“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до31.12.2022 год.;
  12. Разгледување на Барање за финансиски средства за подмирување на долг по основ на краткорочен  кредит од  ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци;
  13. Разгледување на Барање од Благоја Јовановски од с. Новаци за одобрување на градежен матерјал (50 метри цевка Ф150) за одвод на атмосверка вода;
  14. Советнички прашања.

Оглас ИПА ОП 2023 – Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд

Почитувани, ве информираме дека на следниот ЛИНК може да го најдете јавниот повик за невработени лица за мерка 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд, која се спроведува преку ИПА-проектот на АВРСМ „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

Јавниот повик се однесува на следните целни групи:

• корисници на гарантирана минимална помош,

• жени,

• Роми,

• млади до 29 години,

• лица со попреченост и

• долгорочно невработени лица

Известување за средства исплатени за физички лица изложени на социјален ризик, ризици по здравјето и припадници на категории на лица со посебни потреби во 2022 година

Повик за вклучување на млади лица во проектот “Fast Forward”

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот “Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”. Истиот може да го најдете во продолжение:

Интерен оглас бр. 01/2022 за пополнување на работни места со унапредување на административни службеници во општина Новаци

20.01.2023 – Дополнување:

Соопштение за одржување на 21та седница на Совет на општина Новаци

21-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.12.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 20-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2023 год.;
  3. Разгледување на Предлог-Буџетот на Општина Новаци за 2023 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2023 год., и донесување на Одлука;
  4. Разгледување на Образложение на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  5. Разгледување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2023 год.;
  6. Разгледување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2023 год.;
  7. Разгледување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  8. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и донесување на Програма одржување на локалните водоводи во Општина Новаци за 2023 год.;
  10. Разгледување и донесување на Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини на територијата на Општина Новаци за 2023 год.;
  11. Разгледување и усвојување Програма за работа на Јавното претпријатие за Комунални Дејности „ Комунална Хигиена “– Новаци за 2023 год.;
  12. Разгледување и усвојување на Годишен план за јавни набавки на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци за 2023 год.
Back to top
Skip to content