Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 22та седница на Совет на општина Новаци

22-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.01.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 21-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 до 31.12.2022 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  4. Разгледувањеидонесување наМетодологија за определување на критериуми за доделување на финансиска помош од Буџетот на Општина Новаци на здруженија на граѓани, фондации како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно- уметнички друштва, верски заедници и слично;
  5. Разгледување и усвојување на Предлог Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2023 год.;
  6. Разгледување и донесување  на  Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2023 год.;                              
  7. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување на еднократна парична помош за новородено дете од подрачјето на Општина Новаци;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци  и неговите подрачни училишта;
  9. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на установата ОУ„Славко Лумбарковски“-Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до 31.12.2022 год.;
  10. Разгледување и усвојување на Статутарна одлука за дополнување на основен Статут на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на ЈОУДГ „Бамби“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до31.12.2022 год.;
  12. Разгледување на Барање за финансиски средства за подмирување на долг по основ на краткорочен  кредит од  ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци;
  13. Разгледување на Барање од Благоја Јовановски од с. Новаци за одобрување на градежен матерјал (50 метри цевка Ф150) за одвод на атмосверка вода;
  14. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content