Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за организирање на Јавен увид на Урбанистички проект – Пешачка патека во с.Новаци

Почитувани, ве информираме дека Општина Новаци организира Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктурна градба – пешачко рекреативна патека од населено место Новаци до Манастир „Богородица“, с.Новаци. јавниот увид ќе трае 15 дена, почнувајќи од 14.11.2023 до 29.11.2023 година.

Соопштение за одржување на 37ма седница на Совет на општина Новаци

37-ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.11.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

    1. Разгледување и усвојување на Записникот од 35-та седница на Совет на Општина Новаци;
    2. Разгледување и усвојување на Записникот од 36-та седница на Совет на Општина Новаци;
    3. Разгледување и усвојување на  Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Коминална хигиена“ – Новаци за период од 01.07.2023 до 30.09.2023 год.;
    4. Разглeдување и усвојување на Правилник  за основна  плата и додатоци на плата на вработените во ЈКП „Комунална Хигиена“ Новаци;
    5. Разгледување на Барање за градежен матерјал од Месна заедница и Црковен одбор на с. Гермијан;
    6. Советнички прашања.

    Соопштение за одржување на 36та седница на Совет на општина Новаци

    36-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.10.2023 година со почеток во 10:00 часот, во просториите на општинската зграда.

    ДНЕВЕН  РЕД

    1. Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023 г.  и донесување на Одлука;
    2. Разгледување на Финансиски извештај за работењето на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2022/23 год. и донесување на Одлука;
    3. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на физичките активностите во учебната 2023/24 год ;
    4. Советнички прашања.

    Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион, за потребите на инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање

    Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје – Сектор за одржлив развој и инвестиции, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион.

          Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје на веб страницата на министерствoто, www.moepp.gov.mk и на infoeko@moepp.gov.mk. и во просториите на Општина Новаци.

         Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник) во големата сала во општина Новаци со почеток во 12 часот.

    Соопштение за одржување на 35та седница на Совет на општина Новаци

    35-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.10.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

    ДНЕВЕН  РЕД

    1. Разгледување и усвојување на Записникот од 34-та седница на Совет на Општина Новаци;
    2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023 г. до 30.09.2023г. (трет квартал);
    3. Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023 г.  и донесување на Одлука;
    4. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци  за сезоната 2023/24 год.;
    5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите на Општина Новаци;
    6. Разгледување на Барање од ЈПКД „ Комунална Хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор и донесување на Одлука;
    7. Разгледување и усвојување на Одлука за измени и дополнувања на основен статут на Општинското основно училиште „Славко Лумбарковски“- Новаци;
    8. Разгледување и усвојување на Измена на Годишен план за јавни набавки на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за 2023 год.;
    9. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци за санација на електрична инсталација и соодветно поврзување на клима уреди во подрачните училишта во селата: Бач, Живојно, Гермијан и Агларци;
    10.  Разгледување на Финансиски извештај за работењето на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2022/23 год. и донесување на Одлука;
    11. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на физичките активностите во учебната 2023/24 год ;
    12. Советнички прашања.

    Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

    Известување за достапност на документ – Реконструкција на локалните улици „1“ и „2“

    Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој
    се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за
    транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната
    патна инфраструктура, општина Новаци аплицираше со проект за „Реконструкција на локалните
    улици „1“ и „2“ во населеното место Новаци, во Општина Новаци”.

    Соопштение за одржување на 34та седница на Совет на општина Новаци

    34-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

    ДНЕВЕН  РЕД

    1. Разгледување и усвојување на Записникот од 33-та седница на Совет на Општина Новаци;
    2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
    3. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
    4. Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско-корисна работа 2023/24 година, за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
    5. Разгледување и донесување на  Одлука за одобрување на финансиски средства на сите студенти, жители на Општина Новаци, кои ќе се запишат во прва година – прв циклус студии на државените универзитети во РСМакедонија;
    6.  Разгледување на Годишен план за вработување на МЈП „Пелалинк“- Битола, за 2024 година и донесување на Одлука;
    7. Разгледување на Барање за субвенционирање на обврските на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за потрошена електрична енергија за водоснабдување;
    8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор;
    9. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски “– Новаци за набавка на дигитална инфрастуктура;
    10. Разгледување на Барање од МЗ с. Живојно за еден камион песок, за потребите на црквата „Св.Спас“;
    11. Разгледување на Барање од МЗ од с. Живојно за 3 камиони чакал за санација на патот до црквата „Св.Спас“ и манастирот “Св.Петка“;
    12. Советнички прашања.

    Соопштение за одржување на 33та седница на Совет на општина Новаци

    33-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.08.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

    ДНЕВЕН  РЕД

    1. Разгледување и усвојување на Записникот од 32-ра седница на Совет на Општина Новаци;

    2. Разгледување на Годишен извештај за работата на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2022/2023 година и донесување на Одлука;

    3. Разгледување на Годишна програма за работата на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2023/2024 година и донесување на Одлука;

    4.  Разгледување на Годишен план за вработување на ЈОУДГ ,,Бамби,, Општина Новаци, за 2024 година и донесување на Одлука;

    5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за  учество на Јавниот повик и реализација на Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на РСМ;

    6. Разгледување на Барање од Црковен одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во Бач;

    7. Разгледување на Барање од Црковен одбор и МЗ Зовиќ;

    8. Разгледување на Барање од МЗ Орехово;

    9. Разгледување на Барање од МЗ Рапеш и Манастирскиот одбор на манастирот Св.Петар и Павле во Рапеш;

    10. Советнички прашања.

    Back to top
    Skip to content