Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 15та седница на Совет на општина Новаци

15-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 23.08.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на Записникот од 15-та седница на Совет на Општина Новаци

  1. Барање за финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ во износ од 1.596.940,00 ден. за отпочнување на припремите за новата натпреварувачка сезона (есенски дел) 2022 година.
  2. Извештај од ЗФК Новаци 2005 за потрошени финансиски средства доделени по Одлука на Совет на општина Новаци во изност од 300.000,оо денари .
  3. Барање за финансиски средства од ЗФК Новаци 2005 во износ од 250.000, оо денари за подмирување на заостанати неподмирени трошоци од пролетната натпреварувачка сезона 2022 година.
  4. Предлог-Одлука именување на Александра Филиповска за нов член на Надзорен одбор на ЈКП Комунална Хигиена – Новаци
  5. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци.
  6. Одлука за усвојување на шестмесечниот извештај за работењето на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци.
  7. Барање од вработените во општинската администрација за продолжување на организираниот превоз од општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно кој претходно со Одлука на Совет на општина Новаци беше одобрен.(во прилог пресметка за вкупните месечни финансиски средства за организиран превоз).
  8. Барање од Месна заедница с.Горно Агларци за поставување на чешма за вода во близина на повеќенаменското игралиште.
  9. Барање од Месна заедница с.Гнеотино и црковен одбор од с.Гнеотино за финансиски средства во висина од 100.000-120.000,оо денари или изнаоѓање на фирма за изведување на градежен зафат изработка на подлога(глетовање) со цел врескоживописување на манастир во с.Гнеотино.
  10. Барање од Месна заедница с.Долно Агларци за одобрување на цевка во должина од 8м за потребите на селото таму каде што има потреба.
  11. Барање од Друштво за трговија, градежништво, инвестиции и услуги АЛНАСЕР 2000 Компани ДОО Скопје, одговорно лице Јове Јосифовски за одобрување на две нови арматури лед улично осветлување кај фабриката за производство на минерална вода во с.Гермијан.
  12. Барање од Месна Заедница на село Тепавци за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна согласно потребите на локалното население со цел надминување на проблемот со недостигот на вода во летниот период.
  13. Барање од Црковен одбор на црква Св.Петар и Павле од с.Долно Агларци за одобрување на финансиски средства во градежни материјали за реконструкција на кровот на црквата.
  14. Барање од Месна заедница од с.Долно Орехово за одобрување на пластично полиетиленско црево Ф63 во должина од 450м како и спојки и обезбедување на градежна машина Скип за ископ на каналот со цел решавање на проблемот со водоснабдувањето.
  15. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Август 2022 г (набавка на градежни матерјали-бетон).
  16. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Август 2022 г (Набавка на дрва за потребите на ООУ Славко Лумбарковски-Новаци и Изградба на новопроектирани улици во индустриската зона Новаци-Улица 1 и Улица 2).
  17. Барање од Месна заедница с.Грумази за асфалтирање на патот до с.Грумази во должина од 4 км.
  18. Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен за вршење на определени работи во надлежност на одделение за финансии и финансиски прашања-проценител на недвижен имот од страна на општина Ресен во корист и за сметка на општина Новаци.
  19. Измена и дополнување на Решение за именување Персоналенсостав на штаб за заштита и спасување во единица на локална самоуправа Новаци бр.14-104/17 од 30.01.2018 година.
  20. Измена на Преглед на персонален состав на универзална единица во јачина на вод согласно Одлуката за формирање на сили за заштита и спасување на општина Новаци арх.бр.14-900/27 од 09.10.2015 година.
  21. Одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2021/2022 година.
  22. Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2022/2023 година.
  23. Предлог-Одлука за ослободување на корисниците на социјална помош од општина Новаци од плаќање на сметки за комунални услуги кон ЈПКД Комунална Хигиена-Новаци.
  24. Предлог-Одлука за поддршка на Здруженија на граѓани и граѓански организации со седиште регистрирани во општина Новаци за обезбедување на превоз со возила во сопственост на општина Новаци.
  25. Предлог измени и дополнувања на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2022 година.
  26. Предлог Годишен извештај за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци за период 2021/2022 година.
  27. Предлог годишна програма за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци за период 2022/2023 година.
  28. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.
  29. Одлука за давање согласност за работата на воспитно –образовните групи во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.
  30. Одлука за утврдување на почеток и завршеток на работно време во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци.

Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Дополнување на дневен ред на 15-та седница
на Советот на општина Новаци

  1. Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Измена Август 2022г (Набавка на таблети за потребите на учениците од 4-то одделение од ООУ Славко Лумбарковски-Новаци).

32.Предлог –Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за административни службеници и други вработени во општина Новаци поради усогласување на платите со минималната плата.

33.Барање од ЗФК Новаци 2005 за обезбедување на превоз во сопственост на општина Новаци за фудбалската екипа за есенскиот дел од првенството 2022/2023г

34.Годишен план за вработување за 2023 година –општина Новаци

  1. Одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023г. на МЈП „ПЕЛАЛИНК “-Битола

Соопштение за одржување на 14та седница на Совет на општина Новаци

14-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.07.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред

Усвојување на Записникот од 13-та седница на Совет на Општина Новаци

  1. Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
  2. Предог-Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.- измена Јуни 2022г. (набавка на градежни матерјали железо, арматура и дрвена граѓа)
  3. Усвојување на Предлог –Социјален план на општина Новаци поднесен од страна на Општински совет за социјална заштита
  4. Предлог-Одлука за разрешување на Борис Христовски како член на Комисијата за процена на штети од елементарни и други непогоди и именување на нов член
  5. Годишен извештај за работата на ЗУСК Славко Лумбарковски –Новаци за учебната 2021/2022г.
  6. Квартален извештај за извршување на буџетот на OОУ„Славко Лумбарковски“ за квартал од 01.04.2022г. до 30.06.2022г.
  7. Годишен план за вработување од ООУ „Славко Лумбарковски“ –Новаци
  8. Доставување на Преглед за формирање на паралелки во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци
  9. Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ –Новаци
  10. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за јавна чистота на територија на општина Новаци за 2022г.
  11. Барање од Манастирскиот одбор на манастирот Св.Никола од с.Суводол за 6 кубици песок за изведување на градежни работи кај манастирот
  12. Барање од одборот на манастирот Св Никола во с.Суводол за градежен матерјал (бекатон плочки за поплочување и уредување на манастирскиот двор во површина од 600 м².)
  13. Барање за одобрување на матерјална или финансиска помош за доизградба на манастирскиот комплекс при манастирот Св.Атанасиј Велики с.Старавина
  14. Барање од Здружение за развој и ревитализација ПЕШТА од с.Градешница за градежен матерјал за потребите на црквите во село Градешница (пласифициран плех 48м² за настрешница)
  15. Барање од Црковниот одбор на црквата Св.Петка во с.Скочивир за градежен матерјал (греди, лајсни, ќерамиди и сл.) во износ од 200.000,00 денари.
  16. Барање од Црковниот одбор на црквата Св.Атанасиј Велики во с.Новаци за градежен матерјал за потребите на црквата ( 35 вреќи цемент, 4 арматури-мрежи и 12 кубици песок.)
  17. Барање од Црковен одбор од с.Живојно за финансиски средства за одбележување на христијанскиот празник „Илинден“ .
  18. Барање од Mесна заедница на с.Рибарци за лицето Лазевки Трајан за поставување на бетонска цевка Ф 500 на земјен пат во должина од 5 м поради пропуштање на водата од изградениот бетонски канал изграден од општина Новаци
  19. Барање од Месна Заедница на с. Новаци за градежен матерјал потребен за реконструкција на постоечки детски парк сместен на излезот од селото на патот кон село Добромири.
  20. Барање од Месна заедница с.Рапеш за достава на вода за пиење поради техничка неисправност на постоечката вода за пиење.
  21. Барање од Месна Заедница на село Арматуш за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна, 2-3 пати неделно до надминување на сушниот летен период.
  22. Барање од Месна заедница с.Долно Орехово за мехнизација СКИП за ископување на канал во должина од 800 м за поставување на црево за селски водовод.
  23. Барање од Месна Заедница с.Гермијан за реконструкција на постоечко водопоило сместено во селото.
  24. Барање од Тони Стојчевски од с.Рибарци поставување на одводна цевка Ф 200 мм.

Дополнување : Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Соопштение за одржување на 13та седница на Совет на општина Новаци

13-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 22.06.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичкао-планска документација – црква „Св.Воскресение“ с.Далбеговци
  2. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за одржување на „Фестивалот на жетвата “ на 12 и 13 јули 2022г. во просторот пред манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во с.Новаци
  3. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на општина Новаци во програмата Општинско – Корисна работа 2022/2023 год. на УНДП за реализација на проектот „Ранливи категории-3“
  4. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за учество во Јавниот повик и реализација на Програмата работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од страна на Буџетот на Агенција за вработување на РСМ.
  5. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на родителите на запишани ученици во прво одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци
  6. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за ученици и нивните ментори од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и подрачните училишта во општина Новаци кои ќе освојат награди на државни и регионални натпревари.
  7. Предлог – Одлука за одобрување на организиран превоз за вработените во општинската администрација на општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно
  8. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.-измена мај 2022г. – Фосилни горива.
  9. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г. – Набавка на песок, чакал и тампон
  10. Предлог – Годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г. – измена мај 2022г – Набавка на електрична енергија
  11. Предлог – Одлука за пренамена на средства во буџетот на општина Новаци
  12. Доставување на Годишен план за вработување за 2023г. од ООУ„ Славко Лумбарковски “ – Новаци
  13. Доставување на Преглед за формирање на паралелки од ООУ„ Славко Лумбарковски„ – Новаци
  14. Барање за зголемување на буџет за одржување на јавна чистота и времено отстапување на возило од ЈПКД „ Комунална Хигиена“ –Новаци
  15. Барање за зголемување на времено отстапување на косачка машина од ЈПКД „Комунална хигиена-Новаци“
  16. Барање од Одборот на манастирот„ Св.Арангел Михаил“ од с.Скочивир за градежен матерјал за вододвод (црево ф-40 во должина од 600 метри) како и машина за помош при ископ
  17. Барање од Месна заедница и Црковен одбор од село Далбеговци за пренамена на постоечки објект (стара црковна сала) и изградба на црковна капела.
  18. Барање од Месна заедница на село Бач за градежен матерјал за објектите во црквата.
  19. Барање од Црковен одбор на црквата „Св.Петка“ во с. Градешница за праќање на механизација – Скип за израмнување на теренот околу манастирот во атарот на селото.
  20. Барање од Црковниот одбор при Здружението за Развој и ревитализација „Пешта“ с. Градешница за градежен матерјал (1 камион песок и 20 вреќи цемент за реновирање на доводната мрежа, кујната и исправување на објектот за престој на гости) на црквата „Св. Илија“ во с.Градешница. Исто така 1 камион песок и 10 вреќи цемент за реновирање на црквите во селото: „Св.Ѓорги“, „Св. Спас“, „Св. Никола“ и „Св. Димитрија“.
  21. Барање од Здружение за Ревитализација на село Груниште за поправка на локалниот пат за село Груниште и поправка на Регионалната депонија за отпад
  22. Барање од Митре Митревски роден во с.Старавина со место на живеење во Битола за поставување на улично осветлување и за асвалтирање и поплочување на улица од влезот на селото до црквата „Св.Богородица “
  23. Барање од Најдо Калешковски за изградба на водопоило за напивање на добитокот во с.Груниште.
  24. Барање од жителите на „Горна Маала“ од с. Новаци за санација на одводна канализациона мрежа.
  25. Барање од КУД „Новаци“ – Новаци за финансиски средства за учество на меѓународен фолклорен фестивал во Р.Романија во градот Дева во износ од 4 300 евра или 265 000,00 ден.
  26. Барање од ЗФК „Новаци 2011“ за финасиски средства во висина од 75 000,00 ден . за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2022г.
  27. Барање од Здружение на жени Силата на бабата – општина Новаци за обезбедување на превоз за посета на Кнежинскиот манастирски комплекс „Св.Ѓоргија“ во Кичево.
  28. Барање од Добре Котевски за обезбедување на финански средства за набавка на ортопедско помагало за Ѓорги Котевски од с.Добромири како лице со посебни потреби.
  29. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100 000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  30. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.

Дополнување на Дневен ред:

31. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Мендо
Ѓоргиевски од с. Далбеговци

32. Предлог – Одлука за субвенционирање на изградба на термофасади на Стојановски
Кире од с. Новаци

33. Предлог – Измена на Програмата за активностите на општина Новаци во областа
на Локалниот економски развој во 2022г.

Јавен повик до евидентирани невработени лица – ОКР

Почиувани, во продолжение го имате јавниот повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа. Огласот трае до 09.06.2022 година до 14:00 часот.

Соопштение за одржување на 12та седница на Совет на општина Новаци

12-тата Свечена седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.06.2022 година со почеток во 10:30 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Отварање на Свечената седница и обраќање на Претседателот на Советот на општина Новаци, Г-ѓа Славица Најдовска Стојковска.
  2. Обраќање на Градоначалникот на општина Новаци, Г-дин Стевче Стевановски.
  3. Обраќање на Градоначалникот на општина Хрпелје – Козина, Р.Словенија, Г-ѓа Саша Ликавец – Светелшек.

Соопштение за одржување на 11та седница на Совет на општина Новаци

Почитувани, ве известуваме дека 11-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се оддржи на 20.05.2022 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправни објекти во идна урбанистичко-планска документација (с.Маково).
  2. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Урбанистички план за село Добромири.
  3. Предлог – Одлука за обезбедување на средства за надоместок за воспоставување на службеност и потполна експропријација за Изградба на цевковод за водоснабдување на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени, општина Новаци.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект “Изградба на плоштад кај куѓата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  5. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект “Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина.
  6. Предлог – измена и дополнување  на Годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2022 година.
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола.
  8. Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и општина Новаци.
  9. Барање од лицето Маја Талевска за разрешување од член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална хигиена“- Новаци и именување на нов член.
  10. Годишен извештај за работењето на Јавно претпријатие за комунални дејности “Комунална хигиена “- Новаци за 2021 г.  и Одлука од Управен одбор за усвојување на истиот.
  11. Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во општина Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на извештајот.
  12. Завршна сметка на ЈПКД “Комунална хигиена“– Новаци за 2021 г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на завршната сметка.
  13. Одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци.
  14. Правилник за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци.
  15. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД “Комунална хигиена“ – Новаци.
  16. Барање од Здружение за едукација за заштита од пожари Противпожарна Бригада – Новаци за финансиски средства во висина од 40.000,00 ден. за одржување на противпожарно возило.
  17. Барање од Здружение за негување на традиционални вредности “АМАНЕТ“ за финансиски средства во висина од 15.000,00 ден.
  18. Барање од “КУД Новаци“–Новаци за финансиски средства во висина од 52.000,00 ден. за реализирано учество на фолклорни фестивали во Градско, Радовиш и Македонски Брод.
  19. Барање од велосипедски клуб “НОВА БАЈК“ Новаци за финансиски средства во висина од 100.000,00 ден. за реализирање на програмските цели.
  20. Барање од ЗФК “Пелагонија“ с.Добромири за финансиски средства во висина од 60.000,00 ден. за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2021/2022 г.
  21. Барање од Младинска организација од с.Добрушево за финансиски средства за  организирање на традиционален фестивал на пејачи аматери на македонски народни песни “Добрушево 2022 г.“
  22. Барање од Здружение Меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства во висина од 180.000,00 ден. за организирање на традиционалниот меморијален турнир.
  23. Барање од ЗФК „Новаци 2005“ за финансиски средства во висина од 757.149,00 ден. за подмирување на заостанат долг.
  24. Барање од ЗФК“ Новаци 2005“ за финансиски средства во износ од 491.000,00 ден за крајот на пролетниот дел од сезоната.
  25. Барање од Месна Заедница на с.Будимерци за градежи матерјали (цевка и пластика) потребни за изведба на дренажен систем на црквата “Св. Никола“ во с.Будимерци
  26. Барање од Црковниот одбор на манастирот “Пресвета Богородица“ с.Новаци за градежени материјали за изградба на помошен објект.
  27. Барање од жителите на Горно и Долно Агларци за реализирање на завршна фаза на црковната капелата.
  28. Барање од Трајан Стојановски од с.Зовиќ за замена на цевка за собирање на атмосферската вода.

Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична електроцентрала со моќност до 1 MW со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП бр. 468, КП бр. 469 и дел од КП бр. 488 КО Новаци вон г.р., о.Новаци

Објава бр. 1/2022 Продажба на Г.П. 1.4

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште (градежна парцела 1.4, составена од катастарските парцели 1394/13, 2009/5 и 2009/6), сопственост на Република Северна Македонија, предвидено за изградба на објекти со намена:  Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ – (Г2 – Лесна индустрија, Г3 – Сервиси и Г4 – Стоваришта),  врз основа на донесен Aрхитектонско – Урбанистички проект за формирање на Градежни парцели КО Новаци за намена и  КО Новаци ВОН ГРАД, Општина Новаци, со тех. број. 70/2020, согласно општ акт за село Новаци, општина Новаци, бр. 09-403/5, од 25.05.2021.

Јавен повик за изградба на енергетски ефикасни домови – термофасади

Почитувани жители на општина Новаци, подолу го имате јавниот повик за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка односно субвенционирање на жителите на општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови, односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување, како и пријавата и изјавата потребни за аплицирање.

Back to top
Skip to content