За општината
СТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
Општината Новаци е значајна општина во Битолското поле, односно југозападниот дел на рамницата Пелагонија. Општината е крстосница на регионалните патишта: патот Битола-Новаци-Маково го поврзува битолскиот дел на Мариово, исто така југоисточно од Новаци патот што води кон селата Брод и Бач, а на север кон Добрушево-Тополчани-Прилеп. Новаци секогаш претставувало центар на управна единица. Општината се вбројува во редот на поголемите општини во Република Северна Македонија.
Според историските сознанија, во изминатите пет и пол векови на овој простор живеело македонско население. И за време на Отоманската империја Новаци претставува централна населба во Битолското поле. Општината е основана по Балканските војни, а Новаци останува централна населба и за време на српската и бугарската окупација. По Втората Светска Војна, Новаци станува општински центар. Во историјата животот на овие простори не бил лесен, населението кое живеело тука било изложено на разни притисоци и неволји – тука поминувале крстоносци, вандали, Арменци, Турци Османлии, Србите, Бугарите… но никој не успеал да го уништи духот и идентитетот на македонското население кое опстанало и ќе продолжи да опстанува на овој простор.
Според последниот попис направен во 2021 година, Општина Новаци брои вкупно 2648 население, односно 855 домаќинства кои живеат во 1395 станови, што ја прави општината една од најретко населените општини во државата.
Вкупно попишани | Вкупно резидентно население | Вкупно нерезидентно неселение | |||||||
Пол – ВКУПНО | Мажи | Жени | Пол – ВКУПНО | Мажи | Жени | Пол – ВКУПНО | Мажи | Жени | |
Новаци | |||||||||
Етничка припадност – ВКУПНО | 2 726 | 1 423 | 1 303 | 2 648 | 1 377 | 1 271 | 78 | 46 | 32 |
Македонци | 2 497 | 1 308 | 1 189 | 2 427 | 1 266 | 1 161 | 70 | 42 | 28 |
Албанци | 47 | 17 | 30 | 46 | 17 | 29 | 1 | – | 1 |
Турци | 3 | 2 | 1 | 1 | 1 | – | 2 | 1 | 1 |
Роми | – | – | – | – | – | – | – | – | – |
Власи | – | – | – | – | – | – | – | – | – |
Срби | 4 | 3 | 1 | 4 | 3 | 1 | – | – | – |
Бошњаци | – | – | – | – | – | – | – | – | – |
Други неспомнати | 19 | 12 | 7 | 14 | 9 | 5 | 5 | 3 | 2 |
Не се изјасниле | 1 | 1 | – | 1 | 1 | – | – | – | – |
Непознато | 1 | – | 1 | 1 | – | 1 | – | – | – |
Лица за кои податоците се превземени од административни извори | 154 | 80 | 74 | 154 | 80 | 74 | – | – | – |
Пол – ВКУПНО | Мажи | Жени | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Возрасна група – ВКУПНО | 0-4 | 5-9 | 10-14 | 15-19 | 20-24 | 25-29 | 30-34 | 35-39 | 40-44 | 45-49 | 50-54 | 55-59 | 60-64 | 65-69 | 70-74 | 75-79 | 80-84 | 85+ | Возрасна група – ВКУПНО | 0-4 | 5-9 | 10-14 | 15-19 | 20-24 | 25-29 | 30-34 | 35-39 | 40-44 | 45-49 | 50-54 | 55-59 | 60-64 | 65-69 | 70-74 | 75-79 | 80-84 | 85+ | Возрасна група – ВКУПНО | 0-4 | 5-9 | 10-14 | 15-19 | 20-24 | 25-29 | 30-34 | 35-39 | 40-44 | 45-49 | 50-54 | 55-59 | 60-64 | 65-69 | 70-74 | 75-79 | 80-84 | 85+ | |
Новаци | 2 648 | 89 | 117 | 173 | 122 | 121 | 155 | 145 | 181 | 172 | 161 | 180 | 233 | 226 | 222 | 125 | 96 | 70 | 60 | 1 377 | 43 | 60 | 84 | 62 | 63 | 83 | 77 | 86 | 95 | 82 | 94 | 132 | 130 | 131 | 62 | 46 | 30 | 17 | 1 271 | 46 | 57 | 89 | 60 | 58 | 72 | 68 | 95 | 77 | 79 | 86 | 101 | 96 | 91 | 63 | 50 | 40 | 43 |
Извор: Макстат база на податоци
Поголеми индустриски објекти во општината се: Рударско-енергетскиот комбинат Битола, Земјоделскиот комбинат Пелагонија, Фабриката за производство на енергетски машини и турбини ФОД и други.
Основни стопански гранки се: поледелство, сточарство, пчеларство и други. Се одгледуваат житни растенија и разни фуражни и градинарски култури, крупен и ситен добиток и живина.
Централна населба во општината е Новаци – развиено село со 1283 жители, односно 36% од вкупното население во општината. Во општината постојат полициска, здравствена и ветеринарна станица, детска игротека „Бамби“, компјутерски центар, два интернет клубови, центар за изучување странски јазици.
Општина Новаци со новиот Закон за територијална организација на единиците на локална самоуправа во Република Северна Македонија ја сочинуваат досегашните општини Бач, Новаци и Старавина – општини кои припаѓаат на категоријата на рурални општини.
Во Новаци се наоѓа централното основно училиште „Славко Лумбарковски“, со подрачни училишта во селата Бач, Дедебалци, Живојно, Брод, Добромири, Рибарци итн.
Позначајни манифестации се: Традиционални Пелагониски културно-научни средби, Мариовски ракувања и др.
Општината Новаци е поставена на современите законодавни европски начела и принципи, со примена на Европската повелба за локалната самоуправа, усвоена од Советот на Европа. Се грижи за урбанистичкото планирање, уредување на просторот на градежното земјиште, заштита и унапредување на животната средина, грижа за економскиот развој и подобрување на животниот развој на населението, развивање на културата, науката, образованието и уметноста, преку негување на фолклорот, верските обичаи, заштита на природните реткости и др.