Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во рамките на општината патната комуникација се изведува преку општински и регионални патишта. Жителите на општината со центарот на општината Новаци и Битола се поврзани со автобуски сообраќај.

Регионални патни правци се:

Р-509 – Битола-Новаци-Маково-Старавина во вкупна должина од 53 км (40 се асфалтирани, од Рапеш до Старавина во должина од 13 км се само тампонирани).

Р-510 – врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина во вкупна должина од 55 км (30 км е асфалтиран, 25 км е макадам).

Р-120 -Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод во вкупна должина од  40 км (22 се асфалтирани, 18 км на потегот до Новаци е макадам).

Р-531 – Брод-Гнеотино во должина од 11 км  е земјен пат.

Локална патна мрежа:

  • 20,5 км асфалтирани патишта;
  • 25 км тампонирани;
  • 91 км земјен пат.

Локални улици:

  • 13 км асфалт;
  • 6 км тампонирани;
  • 58 км земјен пат.

Инфраструктурни објекти за водоснабдување:

С. Новаци, Добромири и Рибарци се поврзани на водоводната мрежа од водоводот на град Битола.

Во селата Горно Агларци, Долно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач, Живојно, Брод и Скочивир изградена е  локална водовона мрежа со резервоари со пумпи.

Селата Старавина, Градежница, Будимерци и Зовиќ приклучени се на регионалниот водовод „Мариово“.

Селата Рапеш, Маково, Орле и Груништа имаат локални водоводи.

Населените места во општина Новаци покриени се со телефонска мрежа, а со исклучок на с. Брник и Груништа во останатите има електрична мрежа.

Back to top