Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 28та седница на Совет на општина Новаци

28-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.04.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 27-та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Новаци за 2023 г.;

3. Разгледување и усвојување на Извештај – преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2022 г.;

4. Разгледување и донесување на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;

5. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.;

6. Разгледување и донесување на Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општина Новаци;

7. Разгледување и усвојување на Програмата за начинот на изведување на училишни ексурзии и други слободни активности за учебната 2022/2023 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учениците од III (трето), VI (шесто ) и IX (деветто) одделение;

8. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;

9. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на  Установата ОУ „Славко Лумбарковски“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;

10. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на  ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;

11. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР при советот на Општина Новаци по објавен јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно – уметнички друштва, верски заедници и сл. од буџетот на Општина Новаци;

12. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Хрпелје – Козина, Република Словенија;

13. Разгледување на Барање од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за финансиска поддршка во организирање на отворен ден под мотото „УКЛО со пријателите – нови перспективи“;

14. Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за организирање на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистичкиот план со намена В5.1 – Црква „Св. Петар и Павле“ на дел од К.П. бр. 1820, К.О. Рапеш, м.в. „Осој“, Општина Новаци

Почитувани, ве информираме дека Општина Новаци организира авен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистичкиот план со намена В5.1 – Црква „Св. Петар и Павле“ на дел од К.П. бр. 1820, К.О. Рапеш, м.в. „Осој“, Општина Новаци. Истиот ќе трае 15 дена, почнувајќи од 12.04.2023 до 29.04.2023 година, секој работен ден од 8:30 д0 15:30 часот.

Јавен повик за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби

Почитувани, Градоначалникот на Општина Новаци објавува јавен повик за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на платеници за сопствени потреби.

Со овој повик ќе се субвенционираат дел од трошоците за подигување на пластеници за сопствени потреби и се утврдуваат корисниците, начинот, постапката, вкупен износ, максималниот износ, критериумот за избор, прифатливите трошоци и придружните документи за докажување на трошоците кои се однесуваат на доделувањето на неповратна, еднократна финансиска поддршка за надоместување на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за производство на еколошки-органски земјоделски производи за сопствени потреби на жителите на територијата на Општина Новаци.

Соопштение за одржување на 27та седница на Совет на општина Новаци

27-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.03.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 26-та на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;

3. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за реализација на проектот – Реконструкција на улица од пошта до Златен клас во с.Новаци до крај на каналот, општина Новаци;

4. Разгледување и усвојување на Правилник за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби;

5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Одбор за подигање на спомен одбележје-плоча во с.Брод;

6. Разгледување на Барање за повишување на плата од Благој Бежановски вработен во Општина Новаци.

7. Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за одржување на 26та седница на Совет на општина Новаци

26-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 15.03.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

1.Разгледување и усвојување на Записникот од 24-та и 25-та седница на Совет на Општина Новаци;
2.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Општина Новаци за 2022 г.;
3.Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2022 г.;
4.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ с.Новаци за 2022г.;
5.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци за 2022 г.;
6.Разгледување и донесување на Предлог – План за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;
7.Разгледување и донесување на Предлог- Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година
8.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за спроведување на утврдени тарифи – водоснабдување на ЈКПД „Комунална хигиена“ – Новаци за 2022 г.;
9.Разгледување и усвојување на Годишен Извештај на извршените работи за одржување на јавната чистота во Општина Новаци на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;
10.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;
11.Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на средства за одбележување
на празникот на Општина Новаци “30 – ти Март“ 2023 г.;
12.Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на средства за одбележување на 117 години од смртта на војводата Ѓорги Сугарев на 25.03.2023 г.;
13.Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за одржување на 25та седница на Совет на општина Новаци

25-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 06.03.2023 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за 2022 год.;
  2. Разгледување на Барање за финансиски средства за подмирување на долг по основ на краткорочен кредит од ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци.

Соопштение за одржување на 24та седница на Совет на општина Новаци

24-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.02.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 22-та и 23-та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Одлука за реализaција на Проект – Реконструкција на улица од Пошта до Златен клас во с.Новаци до крај на каналот, Општина Новаци;

3. Разгледување и донесување на Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;

4. Разгледување и усвојување на Извештај на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци;

5. Разгледување и усвојување на Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци;

6. Разгледување и усвојување на Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;

7. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2023 год.;

8. Разгледување и усвојување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ за 2022 год.;

9. Разгледување на Барање за финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“- Новаци за учество во пролетната напреварувачка сезона 2023 год.;

10.Разгледување на Барање од Здружение за младински активизам „Младинска граѓанска акција“ за користење на деловен простор;

11.Разгледување на Барање од  Драги Лаковски од с.Новаци за финансиска помош поради пожар на семејната куќа (во прилог Записник за  штета од пожар од Комисијата за проценка на штета од елементарни и други непогоди);

12.Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Информатор 2023 година

Информатор на општина Новаци бр. 110 (Ноември – Декември 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 109 (Септември – Октомври 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 108 (Јули – Август 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 107 (Мај – Јуни 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 106 (Март – Април 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 105 (Февруари 2023 година)

Информатор на општина Новаци бр. 104 (Јануари 2023 година)

Соопштение за одржување на 23та вонредна седница на Совет на општина Новаци

23-та вонредна седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 08.02.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и донесување на Одлука за доделување на финансиска помош на настраданите од земјотресот во Република Турција од Буџетот на Општина Новаци;

Јавен повик за доделување на финансиска помош

Почитувани, во продолжение може да го најдете јавниот повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани и фондации, како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници и слично од Буџетот на општина Новаци за 2023 година, како и соодветните апликациони формулари.

Back to top
Skip to content