Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 32ра седница на Совет на општина Новаци

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и усвојување на Извештај  за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во  вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рад, Република Хрватска;
  6. Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
  7. Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за матерјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
  8. Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреарувачката сезона 2023/2024;
  9. Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Известување за ажурирање на податоците на недвижен имот

Почитувани жители на Општина Новаци,

Ве известуваме дека согласно чл. 5 став 7 од законот за данок на имот, (Службен Весник на РМ бр. 61/04; 92/07; 102/08; 35/11; 53/11; 84/12; 188/13; 154/15; 192/15; 23/16 и 151/21), Општина Новаци започнува со ажурирање на податоците на недвижен имот на цела територија на општината.

За таа цел, тимови од општинската администрација, започнувајќи од 17.07.2023 година, ќе бидат на терен во период од 09:00 до 12:00 часот секој работен ден за репроценка и ажурирање на базата на податоци за данокот на имот.

Соопштение за одржување на 31ва седница на Совет на општина Новаци

31-ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.07.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 30-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Информирање на Советот на Општина Новаци во врска со постапката за формирање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  5. Разгледување и донесување на Стратегија за локален економски развој на Општина Новаци за период 2023 – 2028 година;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“-Новаци и неговите подрачни училишта, бр.14-105/10 од 31.01.2023 год.;
  7. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за периодот 2023/24 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
  8. Разгледување и усвојување на Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 20223 год. на ЈПКД „ Комунална хигиена “- Новаци;
  9. Разгледување и усвојување на Финансиска програма за сезоната 2023/2024 год. на ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци;
  10. Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023 година, бр.14-1056/12 од 15.12.2022 г. и бр. 14-380/4 од 10.05.2023 год.;
  11. Разгледување и усвојување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2023 година;
  12. Разгледување и донесување на Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни ствари – деловени простории
  13. Разгледување на Барање од Здружение на Пелагониски културно-научни средби при Општина Новаци за финансиска помош за печатење на Зборник од Пелагониските средби одржани 2022 год.;
  14. Разгледување на Барање од Лиле Симоновска од Скопје за ослободување од сметка од ЕВН за улично осветлување;
  15. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 30та седница на Совет на општина Новаци

30-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.06.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 29-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023г.  и донесување на Одлука;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско корисна работа 2023/24 год. за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финасиски средства за организирање на „Фестивалот на жетвата“ во 2023 година;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки одI до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
  8. Разгледување на Список на ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци кои користат превоз во учебната 2023/24 год.;
  9. Разгледување на Барање за реализација на молеро – фарбарски работи, промена на под и промена на електрично светло во централното ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци и подрачните училишта;
  10. Разгледување и усвојување на Решенија за ликвидно работење на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за период од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
  12. Разгледување и давање на согласност на Правилник за основна плата и додатоците на плата на вработените во ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци;
  13. Разгледување на Барање од ЈОУДГ „Бамби“ за финансиски средства за набавка на огревно дрво за грејна сезона 2023/24 г.;
  14. Разгледување на Барање од КБК „Самурај “- Битола за финасиски средства за организирање на спортска манифестација „Промоција на кикбокс спортот и боречките вештини “;
  15. Разгледување и донесување на Одлука за постапување по препораките на Фудбалската Федерација на Македонија за фудбалскиот стадион во с.Новаци;
  16. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донации од правни и физички лица за организирње на манифестацијата „Фестивал на жетвата – Новаци 2023 г.“;
  17. Разгледување и донесување Одлука за примање на донација од Градежен институт  Македонија,  АД Скопје, за изработка на Основен проект за изградба на улица во состав на Индустриската зона Новаци;
  18.  Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Јавен повик за организирање на ПОВТОРНА јавна презентација и јавна анкета

Општина Новаци организира ПОВТОРНА јавна презентација и јавна анкета по урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија КО Новаци – вон град Општина Новаци за плански период 2021 – 2026 година.

Јавен повик ОКР 2023

Почитувани, Општина Новаци во соработка со Агенција за вработување на РСМ (АВРСМ) објавува повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа. Можете да аплицирате во канцелариите на Агенција за вработување – Центар за вработување Битола во периодот од 01.06.2023 до 07.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Соопштение за одржување на 29та седница на Совет на општина Новаци

29-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.05.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 28-та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.;

3. Разгледување и донесување на Одлука за поднесување на барање за гранд на Јавниот повик за барања за обезбедување на финансиска помош во изработка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на Фондот за техничка документација;

4. Разгледување на Барање од Здружение меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК – ПМ 2001“ за организирање на традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест и сеќавање на Пеце Матичевски од с.Новаци;

5. Советнички прашања.

Соопштение за упис на првоодделенци во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

Почитувани родители, училиштето ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци ќе врши запишување во прво одделение од 02.05.2023 година за децата родени од 01.07.2017 година до 31.01.2018 година.

Бесплатни гинеколошки прегледи во Општина Новаци

Во Општина Новаци започува со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од оваа Општина, со цел превенција од рак на грлото на матката.

„Ги известуваме сите жени на територијата на Општина Новаци , кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број 047-236-019 во Општинска ораганизација на Црвен Крст Битола за закажување на термин.

Мобилната амбулантата започнува со работа во месец Мај, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО,Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации .

Back to top
Skip to content