Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Објава бр. 1/2022 Продажба на Г.П. 1.4

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште (градежна парцела 1.4, составена од катастарските парцели 1394/13, 2009/5 и 2009/6), сопственост на Република Северна Македонија, предвидено за изградба на објекти со намена:  Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ – (Г2 – Лесна индустрија, Г3 – Сервиси и Г4 – Стоваришта),  врз основа на донесен Aрхитектонско – Урбанистички проект за формирање на Градежни парцели КО Новаци за намена и  КО Новаци ВОН ГРАД, Општина Новаци, со тех. број. 70/2020, согласно општ акт за село Новаци, општина Новаци, бр. 09-403/5, од 25.05.2021.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

После серијата земјотреси на ден 09.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета во архивата на Општина Новаци до соодветната комисија за проценка на штети.

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

-имотен лист на име на барателот/доказ за сопственост,

-фотографии од штетата

-копија од лична карта и

-копија од трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Новаци, ќе излези на терен, ќе направи увид и ќе ја утврди фактичката состојба на објектите по што ќе биде соодветно постапено согласно препораките на Владата за евентуален надомест на штетите.

Барањата можат да се доставуваат од Вторник 11.01.2022 до Четврток 27.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот во архивата на Општина Новаци.

Јавен повик за изградба на енергетски ефикасни домови – термофасади

Почитувани жители на општина Новаци, подолу го имате јавниот повик за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка односно субвенционирање на жителите на општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови, односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување, како и пријавата и изјавата потребни за аплицирање.

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Почитувани, јавниот оглас за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на население, во период од 05 30.09.2021, можете да го најдете ТУКА.

Јавен повик за учество на Културно-Забавно Лето Новаци 2021

Почитувани, повикот како и апликацијата за учество на Културно-Забавно Лето Новаци 2021 може да ги симнете од линковите подолу:

Back to top
Skip to content