Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 57ма седница на Совет на општина Новаци

56та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 26.11.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 55-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Записник од 56-та седница на Совет на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на Нова Година, Божиќните празници и празникот Богојавление;
  4. Разгледување и усвојување на Извештај за манифестацијата „Фестивал на жетвата“ Новаци 2024 год.;
  5. Разгедување и донесување на Одлука за трајно отстапување на патничко возило Volksfagen Golf во сопственост на ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци на Општина Новаци;
  6. Разгледување и усвојување на Измена на годишен план за вработување за 2024 год. на ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  7. Разгледување на Барање од жители на с. Паралово за набавка на градежен матерјал, (водоводни елементи);
  8. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Соопштение за јавна презентација и консултација за проектот за изградба на ФЕ Битола 1 со моќност од 20 MW

Почитувани, во прилог го имате соопштението за јавна презентација и консултација за проектот за изградба на Фотоволтаична електрана Битола 1 со моќност од 20 MW во околијата на РЕК Битола како и целосната пропратна документација. Консултациите започнуваат од 18.11.2024 и траат до 26.11.2024 година

Објава 1/2024

Почитувани, Општина Новаци објавува Оглас бр. 1/2024 за продажба на градежно земјиште. Предмет на објавата е продажба на градежно неизградено земјиште (градежна парцела 1.1, составена од катастарска парцела КП 1394/41; градежна парцела 1.5, составена од катастарска парцела КП 1394/17; градежна парцела 1.10, составена од катастарска парцела КП 1394/22 и КП 2010/2; градежна парцела 1.11, составена од катастарска парцела КП 1394/23; и градежна парцела 1.12, составена од катастарска парцела 1394/24), сопственост на Република Северна Македонија, предвидено за изградба на објекти со намена: Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија врз основа на донесен УПВНМ за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, КО Новаци – вон град, Општина Новаци со технички број 85/2021 од Ноември 2023 година.

Соопштение за одржување на 56та седница на Совет на општина Новаци

56та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.11.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 55-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување на Предлог-Статут на Општина Новаци и донесување на Статут на Општина Новаци;
  3. Разгледување на Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год. и донесување на Одлука;
  4. Разгледување и донесување на План на Програми за развој;
  5. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 55та седница на Совет на општина Новаци

55та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 05.11.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 54-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Статут на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за  учество на Јавниот повик – Програма „Јавни работи“;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донација за изработка на Основен проект за изградба на новопроектирани улици во индустриската зона Новаци од ГИМ АД Скопје;
  5. Разгледување на Известување од МИСТ-ЕТМ Битола;
  6. Разгледување на Барање од Месна заедница на с.Зовиќ за набавка на градежен материјал 120мᶟ чакал;
  7. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 54та седница на Совет на општина Новаци

54та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.10.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 53-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.09.2024 год.;
  4. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци за сезоната 2024/25;
  5. Разгледување и донесување на Програма за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за учество на Јавниот повик и реализација на Програмата за работно ангажирање „Јавни работи“;
  7. Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2024 год.;
  8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за трајно отстапување на возило;
  9. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за период од 01.07.2024 до 30.09.2024г.;
  10. Разгледување и усвојување на Одлука за утврдување на цените за услугите на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за 2023г.;
  12. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2024/25 год.;
  13. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на воннаставните активностите во учебната 2024/25 год.;
  14. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.07.2024 год. до 30.09.2024 год.;
  15. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.07.2024 до 30.09.2024 год.;
  16. Разгледување на Барање од ООУ„Славко Лумбарковски“ Новаци за 25 таблети за учениците од IV одд.;
  17. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за набавка на компјутери и компјутерска опрема за кабинетот по Информатика;
  18. Разгледување на Повик за финансиска помош од Црвениот крст на РСМ за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина;
  19. Разгледување на Барање од „МИСТ-ЕТМ“ Дооел за отстапување на простор и финансирање на патни трошоци за организирање на настава по англиски јазик во с. Новаци;
  20. Разгледување на Барање од Црковен одбор на манастирот „Св. Петар и Павле“ с. Рапеш за набавка на градежни матерјали за изградба на манастирот;
  21. Разгледување на Барање од ЗФК „Далбеговци 2023“ за финансиски средства за есенската натпреварувачка сезона 2024 год.;
  22. Разгледување на Барање од Мендо Божиновски (овчар) од с. Суводол, за финансиска помош поради штета направена врз овци од страна на диви кучиња;
  23. Разгледување на Барање од жители на с. Новаци за санација и асфалтирање на улица;
  24. Разгледување на Барање од Здружение за развој и промоција на духовни идеи „Св.Илија“ с. Живојно за набавка на градежен матерјал ( 20 мᶟ песок);
  25. Разгледување на Барање од МЗ на с.Долно Орехово за набавка на водоводни елементи;
  26. Разгледување на Преглог за донација (поставување на урбана опрема) од ДПГУ ИВЕА КОНСТРАКШН ДООЕЛ и донесување на Одлука за прифаќање на донацијата;
  27. Разгледување на Барање од Младинска граѓанска акција за реконструкција на тоалетите во Младинскиот културен центар;
  28. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди за опожарениот манастир „Св. Илија“ во с. Гнилеш;
  29. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Јавен оглас за вработување на неопределено време

Меѓуопштинското јавно претпријатие МЈП ПЕЛАЛИНК објавува јавен оглас за вработување на даватели на услуги на неопределено време. Истиот е објавен и во три дневни веснивии тоа: Нова Македонија, Слободен Печат и Лајм.

Јавен повик- Јавни работи о.Новаци

Почитувани, Општина Новаци објавува Јавен повик до евидентирани невработени лица со ниски квалификации за ангажирање на 20 лица за Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво.

Соопштение – Јавен увид

Почитувани, Општина Новаци организира Јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА нов 20 kV кабелски вод низ (КО Новаци, КО Новаци – вон град, КО Добромири, КО Горно Агларци, КО Долно Агларци, КО Далбеговци) – Општина Новаци и реконструкција на ТС „Далбеговци“, кој ќе трае 15 дена почнувајќи од 01.10.2024 до 23.10.2024 година.

Back to top
Skip to content