Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ЛОКАЛНИТЕ ВОДОВОДИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува најскапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, Општина Новаци и ЈПКД Комунална Хигиена од Новаци упатуваат апел пред се до корисниците на вода од локалните водоводи за рационално и совесно користење на водата за пиење.Апелот доаѓа пред самиот почеток на летната сезона а со тоа и зголемената побарувачка на вода поради високите температури и период на суша а најмногу поради големата злоупотреба на водата за пиење за наводнување на бавчите, овошни насади и други земјоделски површини како и големиот број на диви приклучоци кои ги користат за ненаменско користење на водата за пиење.Екипи од Општина Новаци и комуналното претпријатие ќе вршат теренски контроли по населените места со цел да се намалат манипулациите со водата за пиење и ненаменското користење на истата.Корисниците на вода за пиење да бидат повнимателни, одговорни и да покажат хуманост и рационалност.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top