Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конзулот на Република Грција во посета на Општина Новаци

Во прва работна и официјална посета на Општина Новаци престојуваше конзулот на Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Ахилеас Ракинас. Грчкиот конзул оствари работна средба со градоначалникот Љубе Кузманоски во неговиот кабинет, при што разговараа на повеќе теми.Градоначалникот Кузманоски го информираше грчкиот конзул за тековните активности со Општина Аминдео од Република Грција како и за иницијативата за заедничка соработка на полето на енергетската ефикасност од двете страни на границата.Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека постојат повеќе области во кои соработката може да се проширува, а тука се и меѓуграничните проекти од ИПА програмата кои веќе се во тек на реализација.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content