Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Хортикултурно и партерно уредување на дворот на детската градинка “БАМБИ”

Екипа од ЈП “Комунална Хигиена” од Новаци изврши хортикултурно уредување на дворниот простор во детската градинка во Новаци.💚Целта на оваа акција во која свој придонес дадоа и дечињата од поголемата група е поголема естетска вредност, обезбедување на поголема звучна изолација во иднина како и безбеден дворен простор. 🟢Садниците се обезбедени од општина Новаци а денешната активност на хортикултурно и партерно уредување на дворот на градинката со бехатон плочки е само дел од низата активности од страна на Градоначалникот Љубе Кузманоски во насока на подобрување на условите во образовните институции.Од управата на детската градинка “БАМБИ” изразија благодарност до градоначалникот на општина Новаци и комуналното претпријатие.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content