Започна новата учебна година
На првиот училишен ден од новата учебна година, градоначалникот Љубе Кузманоски го посети централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци каде заедно со директорот и наставниот кадар им посакаа топло добредојде на првачињата.
✅ Со одлука на Советот на општина Новаци, на сите 22 првачиња во општината им се доделија по 5.000 денари за набавка на прибор и потребни материјали за настава.
❗️ Бидејќи оваа учебна година е поразлична од било која друга поради пандемијата со коронавирусот, општината преку јавна набавка обезбеди средства за заштита на учениците и вработените како и средства за дезинфекција на објектите за ООУ „Славко Лумбарковски“ и подрачните училиштасе со цел непречен почеток на учебната година.
🌡Обезбедени се и бесконтактни топломери за мерење на телесна температура и заштитни маски.
💻 Со одлука на Совет на општина Новаци ќе бидат обезбедени и компјутери за потребите на училиштето за непречено одвивање на наставата со далечинско учење.
„Како локална самоуправа се грижиме за нашите ученици и наставен кадар се со цел обезбедување на квалитетен и непречен образовен процес. И покрај чувствителноста на ситуацијата со Ковид-19 ги направивме сите напори за безбеден почеток на учебната 2020/2021 година. Сепак предизвикот е пред нас, за првпат во државата се воспоставува сложен онлајн систем. Евентуалните проблеми ќе ги решаваме заеднички и меѓу институциално. Очекуваме поддршка, разбирање и соработка од родителите, учениците и наставниот кадар. На сите ученици, пред се на првачињата им посакувам топло добредојде во новата учебна година, успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаења.“ – изјави градоначалникот Кузманоски при посетата на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“.
👏🏻 Оваа година од Синдикатот на ЕСМ, им доделија пакетчиња со училишен прибор на сите првачиња.