Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 58-та седница.

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Советот на Општина Новаци ја одржа 58-та седница. На седницата беше донесена одлука за ко-финансирање на Општина Новаци за изработка на проект за инфраструктура за изградба на секундарна вреловодна мрежа со приклучоци низ населено место Новаци во висина од 234.570,00 денари.

На оваа седница беше донесен годишниот план за вработување во јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална Хигиена“ – Новаци.

Советот донесе одлука за измена на годишниот план за јавни набавки на Општина Новаци за 2020 година.

Членовите на Советот на Општина Новаци донесоа одлука за одобрување на финансиски средства за заловување и стручен третман на кучињата скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општината.
На седницата беа разгледани повеќе барања од граѓани за еднократна парична помош за лекување како и социјална парична помош.

Советот ги разгледа извештаите за искористени средства за 2019 година на КУД „Новаци“ од Новаци, на Здружението Пелагониски културно научни средби при Општина Новаци, како и ЗФК Пелагонија од село Добромири.

На оваа седница беа разгледани барањата од одборот на црквата Св.Атанасиј – Новаци, месната заедница од село Градешница за одобрување на набавка на градежни материјали за потребата на црквата Св.Димитриј, барањето од Драгана Спасевска и Проф. Д-р Јасмина Буневска Талевска за изведба на детска едукативна претстава за сообраќајна култура „Безбедно дете“. Исто така се разгледа и барањето од здружението Пелагониски културно научни средби при Општина Новаци, барањето од месната заедница од село Мегленци за набавка на материјал за изградба на трем, барањето од месната заедница од село Скочивир за одобрување на финансиски средства за набавка на материјали за изградба на бунар за вода во манастирот Св.Архангел.

Советот на Општина Новаци ги разгледа и барањата на манастирскиот одбор на манастирот Св.Никола од с.Суводол за одобрување на работници од јавното комунално претпријатие за изградба на резервоар за вода, барањето на црковниот одбор на манастирот Св.Стефан од с.Гнеотино како и барањето на ЗФК Пелагонија с.Добромири за одобрување на финансиски средства за натпреварување во Општинска лига – Битола 2020/21 – Есенски дел.

Советот го изгласа годишниот план на општината за вработување за 2021 година. На денешната седница на Советот беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за изведба на молеро-фарбарски работи на објект – градинка „Бамби“ во с.Новаци, а беше донесе и одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација во с.Гнеотино.

Back to top
Skip to content