Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Непречено се одвива наставата во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци

Наставата во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и во подрачните училишта започна да се реализира на 1-ви Октомври и се одвива нормално без никакви проблеми.

Централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци и 7-те подрачни основни училишта добија зелено светло за настава со физичко присуство за учениците до петто одделение, додека пак учениците од шесто до деветто одделение настава ја следат онлајн од далечина.

Со одлука на Советот на општина Новаци, на сите првачиња во учебната 2020/2021 година во општината им се доделија по 5.000 денари за набавка на прибор и потребни материјали за настава.

Општина Новаци преку јавна набавка обезбеди средства за заштита на учениците и вработените како и средства за дезинфекција на објектите за ООУ „Славко Лумбарковски“ и подрачните училишта се со цел непречен почеток на учебната година.

Како општина посветени сме на образовниот процес на дечињата и во новите околности, а за да се заштити здравјето на децата и наставниците, обезбедени се и бесконтактни топломери за мерење на телесна температура и заштитни маски. Дополнително со одлука на Совет на општина Новаци со цел да овозможиме услови секое дете да има пристап до образование, ќе бидат обезбедени и компјутери за потребите на училиштето за непречено одвивање на наставата со далечинско учење.

Back to top