Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна со работа детската градинка „Бамби” во Новаци

Со почитување на протоколите за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, денеска и официјално почна со згрижување и работа со децата од претшколска возраст детската градинка „Бамби” од Новаци.

Моментално градинката работи со 50% капацитет за згрижување на деца заради актуелната ситуација со пандемијата Ковид-19.

Јавната установа за деца, „Бамби” е првата градинка во Општина Новаци. Оваа јавна институција граѓаните на Општина Новаци ја очекуваа со години наназад. За локалната самоуправа еден од приоритетните проекти беше отварањето на првата градинка во општината со цел да им се овозможи на сите деца предучилишно образование со европски стандарди.

Државата и општината финансиски го поддржаа организирањето и функционирањето на оваа јавна установа за која беше потребна финансиска конструкција од 9.500.000 денари. Од нив од буџетот на Општина Новаци и Министерството за труд и социјална политика се издвоени 7.000.000 денари, додека пак 2.500.000 денари, средства обезбедени преку проектот – Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини-Агрочејн, со што се обезбеди ефикасен и еколошки систем на загревање на градинката.

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски му посака топло добредојде на најмладите и успешна работа на вработените во градинката.

Back to top
Skip to content