Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна пријавувањето за субвенции за 2021 година

Подрачната единица на Министерството за земјоделие информира дека започна поднесувањето на барања од програмата за директни плаќања за 2021 година.

Пријавувањата за субвенции и оваа година ќе се поднесуваат по електронски пат на страната на Агенцијата за финансиска поддршка и развој во земјоделството.

Како и минатите години и оваа година подрачната единица на МЗШВ во Битола ја отвори дисперзираната канцеларија  во општина Новаци која се наоѓа на Прв кат во зградата на Општина Новаци од 08.00 до 14.00 часот. Земјоделците во дисперзираната канцеларија ќе бидат примени од страна на вработени стручни лица од МЗШВ ПЕ Битола, со строго почитување на протоколите од Министерството за здравство, дезинфекција и носење на заштитна маска.

Битно е да се напомене дека во општина ќе можат да пријавуваат субвенции само оние земјоделци кои по лична карта имаат адреса на живеење во оваа општина.

Сите оние кои имаат адреса на живеење во Битола барањата ги поднесуваат во ПЕ Битола.

Со оглед на ситуацијата со вирусот сите оние кои имаат можност своите барања да ги поднесат од своите домови по електронски пат , а им е потребна помош при самата апликација  можат да се обратат на телефонскиот број на ПЕ Битола 047/237-419.

Поднесените барања по електронски пат мора да се испратат и во печатена форма на адреса Ул.3-та Македонска бригада бр.20, зграда на Македонија Табак блок Ц, 1000 Скопје.

Пријавувањето трае до 31-ви мај 2021 година.

Back to top
Skip to content