Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Волонтери и кризниот штаб во служба на граѓаните на Општина Новаци

Имајќи ја во предвид целокупната ситуација со пандемијата на коронавирус, Општина Новаци продоложува со имплементација на локални мерки во правец на заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел, Општина Новаци ги стави во функција телефонските броеви: Кризен штаб 078 282 388 и тимот на волонтери 076 287 277 на кои секој ден од 8 до 16 часот, стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, можат да побараат помош за набавка и достава на храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезинфенција.

Волонтерите и членовите на кризниот штаб ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови.

Целта на оваа мерка, е да ги заштитиме најранливите категории на граѓани од коронавирусот и да ја намалиме можноста од нивно изложување на ризик од инфицирање со заразната болест.

Back to top
Skip to content