Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Кузманоски во посета на ООУ „Славко Лумбарковски“

Градоначалникот Љубе Кузманоски беше во посета на ООУ „Славко Лумбарковски” – Новаци каде што оствари средба со директорот на училиштето, вработените, родители како и учениците кои следат настава со физичко присуство.

Исто така преку Зум платформата градоначалникот Кузманоски присуствуваше на состанок со наставници и ученици кои наставата ја реализираат и следат од далечина.

Наставата во основните училишта на територијата на Општина Новаци од почетокот на учебната година се реализира непречено со целосна вклученост на сите ученици.

Back to top
Skip to content