Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 59. седница

На седницата беше усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за кварталот од 01.01.2020 година до 30.09.2020 година.

На денешната седница беше усвоена предлог-измената на годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2020 година.

Советот донесе одлука за одобрување на финансиската програма за 2020 година од ЗФК „Новаци 2005“ Новаци (есенски дел) како и одлука за доделување на средства на ЗФК „Новаци 2005“ Новаци за Есенска полусезона во Третата Македонска фудбалска лига на Македонија за 2020 година во висина од 1.435.200 денари.

Советниците донесоа одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на пумпа за вода на бунар во с.Живојно. Исто така беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за изградба на настрешница во дворот на градинката „Бамби“ – с. Новаци за складирање на бали од шамак и слама.

На денешната седница на Советот на општина Новаци беше одобрено барањето за одобрување на финансиски средства и финансиската програма за 2020/2021 година од ЗФК „Новаци 2005“ Новаци – есенски дел (младинци, кадети и пионери).

На оваа седница се разлгедаа и барања од граѓани за одобрување на еднократна парична помош за лекување, барањето од месната заедница на с. Долно Орехово за одобрување на градежни материјали за потребите на црквата Св. Филип и Вартоломеј.

Советот на општина Новаци донесе одлука за времено отстапување на возила од општина Новаци на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална Хигиена“ – Новаци и тоа камион кипер со додатоци плуг за чистење снег и соларка, камион цистерна за миење на улици, специјална градежна машшина ровокопач натоварувач – скип со плуг за чистење снег како и трактор.

Back to top
Skip to content