Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кузманоски го потпиша договорот за вториот грант од проектот за подобрување на општинските услуги МСИП2

Љубе Кузманоски

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски го потпиша договорот за вториот грант од проектот за подобрување на општинските услуги МСИП2. Со овој проект, кој се реализира преку Министерствто за финансии се предвидува набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад, контејнери и канти за соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад.

🤝Овој грант доаѓа како резултат на претходно успешно завршениот втор проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка за искористување на средствата за набавка на градежна механизација за потребите на општината.

✅Станува збор за грант во висина од 4.612.362 денари средства обезбедени преку Министерството за финансии и општинско кофинансирање во висина од 400.000 денари или севкупно 5.012.362 денари.

📌Општина Новаци конкретно ќе го користи за набавка на специјализирано возило за собирање на отпад (ѓубретарка) и опрема за управување со отпадот која се состои од 10 метални контејнери со капацитет од 1.1м3 и 50 пластични канти со капацитет од 120 литри. Со овој проект ќе се овозможи дополнително собирање на комунален отпад во уште 3 населени места и тоа во с. Бач, с. Брод и с. Живојно. Истовремено ќе се овозможи и одржување на јавната хигиена во овие населени места бидејќи во овие села постои недостаток од соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад.

Back to top