Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се чисти снегот во Општина Новаци

По вчерашните и денешните врнежи на снег, екипите на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци во раните утрински часови излегоа на терен и започнаа со расчистување на локалните патни правци во населените места низ општина Новаци.

Во одредени делови на општината поради врнежите од влажен и тежок снег има паднати дрвја за што екипите на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци ги санираат штетите за проодност на патиштата.

Во текот на денешниот ден се очекуваат интензивни врнежи од снег за што дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци остануваат на терен се со цел да се овозможи проодност на локалните патни правци и непречено функционирање на локалното месно население.

Back to top
Skip to content