Кузманоски на јавна расправа за младинско претприемништво
Моменталните локални политики, достигнувања и планови за поддршка на младинското претприемништво во општините во Пелагонискиот регион беа тема на дискусија на јавната расправа „Локална поддршка за младинско претприемништво во Пелагонискиот регион: предизвици и перспективи” што се одржа во Битола, во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола.

На јавната расправа присуствуваа градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски заедно со директорот на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци Петар Велјановски.
Јавната расправа беше дел од проектот „Поддршка на изборните реформи” на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој има за цел поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.
