Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци набави ново комби возило

Општина Новаци преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави ново патничко моторно возило-комби.

Станува збор за комби марка “Peugeot” со (8+1) седишта набавено во рамки на проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ финансиран во рамките на програмата за регионален развој за 2020 година од страна на Бирото за рамномерен регионален развој и Министерство за локална самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и буџет на општина Новаци со вкупна вредност на инвестицијата од 1.652.000 денари.

Претходно во склоп на истиот проект беше набавен и испорачан минибус марка “ISUZU” NOVOULTRA со (29+1) седишта. Вкупната вредност на инвестиција преку проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ за општина Новаци изнесува од 6.646.940 денари.

Преку реализацијата на овој проект односно преку набавката на минибусот и комбито првенствено се обезбедени сите услови и капацитети за обезбедување на бесплатен превоз на учениците од општина Новаци како и заштеда и поврат на инвестицијата. Исто така ќе се обезбедат и социјални услуги на граѓаните и општинската администрација.

Back to top
Skip to content