Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 62-та седница

Советот на Општина Новаци ја одржа 62-та седница за оваа година. На седницата беше донесена одлука за кофинансирање на Општина Новаци за реконструкција на улица во село Зовиќ во износ од 1.293.960,00 денари.

На оваа седница се донесе одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Новаци за 2020 година, како и Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општината за 2021 година.

Советот донесе одлука за одобрување на средства за одбележување на Новата 2021 година, божиќните празници и празникот Богојавление – Водици.

На седницата беше усвоен финансискиот план за ООУ „Славко Лумбарковски“ с.Новаци за 2021 година.

Советот на Општина Новаци го донесе Планот на програми за развој, како и програмата за социјална заштита во Општина Новаци за 2021 година.

Советот донесе одлука за учество и имплеметација на проектот „Мариово туристичка Детокс дестинација “ со акроним МТД, финансиран од Европска Унија, од првиот повик од програмата „ ЕУ за општините“, одлука за Согласност за кофинансирање (за реализација на Проект за Јавни Работи за 2020 година) како и програмата за работа на Советот на Општина Новаци за 2021 година.

На оваа седница се разгледуваа и барања за еднократна парична помош од граѓани.

На продолжението од 62. седница, Советот донесе одлука за усвојување на Предлог Буџет на општина Новаци за 2021 година како и одлука за одобрување Буџетски календар за 2021 година.

Back to top
Skip to content