Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 54та седница на Совет на општина Новаци

54та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.10.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 53-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 30.09.2024 год.;
  4. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци за сезоната 2024/25;
  5. Разгледување и донесување на Програма за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за учество на Јавниот повик и реализација на Програмата за работно ангажирање „Јавни работи“;
  7. Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2024 год.;
  8. Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за трајно отстапување на возило;
  9. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за период од 01.07.2024 до 30.09.2024г.;
  10. Разгледување и усвојување на Одлука за утврдување на цените за услугите на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за 2023г.;
  12. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2024/25 год.;
  13. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на воннаставните активностите во учебната 2024/25 год.;
  14. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.07.2024 год. до 30.09.2024 год.;
  15. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.07.2024 до 30.09.2024 год.;
  16. Разгледување на Барање од ООУ„Славко Лумбарковски“ Новаци за 25 таблети за учениците од IV одд.;
  17. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за набавка на компјутери и компјутерска опрема за кабинетот по Информатика;
  18. Разгледување на Повик за финансиска помош од Црвениот крст на РСМ за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина;
  19. Разгледување на Барање од „МИСТ-ЕТМ“ Дооел за отстапување на простор и финансирање на патни трошоци за организирање на настава по англиски јазик во с. Новаци;
  20. Разгледување на Барање од Црковен одбор на манастирот „Св. Петар и Павле“ с. Рапеш за набавка на градежни матерјали за изградба на манастирот;
  21. Разгледување на Барање од ЗФК „Далбеговци 2023“ за финансиски средства за есенската натпреварувачка сезона 2024 год.;
  22. Разгледување на Барање од Мендо Божиновски (овчар) од с. Суводол, за финансиска помош поради штета направена врз овци од страна на диви кучиња;
  23. Разгледување на Барање од жители на с. Новаци за санација и асфалтирање на улица;
  24. Разгледување на Барање од Здружение за развој и промоција на духовни идеи „Св.Илија“ с. Живојно за набавка на градежен матерјал ( 20 мᶟ песок);
  25. Разгледување на Барање од МЗ на с.Долно Орехово за набавка на водоводни елементи;
  26. Разгледување на Преглог за донација (поставување на урбана опрема) од ДПГУ ИВЕА КОНСТРАКШН ДООЕЛ и донесување на Одлука за прифаќање на донацијата;
  27. Разгледување на Барање од Младинска граѓанска акција за реконструкција на тоалетите во Младинскиот културен центар;
  28. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди за опожарениот манастир „Св. Илија“ во с. Гнилеш;
  29. Советнички прашања.

Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content