Соопштение за одржување на 48ма седница на Совет на општина Новаци
48ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 16.06.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 47-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за организирање на „Фестивал на жетвата – Новаци 2024“;
- Разгледување и донесување на Одлука за примање на донации од правни и физички лица за организирње на манифестацијата „Фестивал на жетвата – Новаци 2024“;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско корисна работа 2024/25 год., за реализација на проектот „Ранливи категории 5“;
- Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
- Разгледување и донесување на Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2024 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2024/25 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки од I до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2024/25 год.;
- Разгледување на Барање за финансиска помош од Организационен одбор „Пецак – ПМ 2001“ за организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал;
- Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.01.2024 до 31.03.2024 год.;
- Разгледување на Барање за согласност за линеарно зголемување на платите на вработените на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.