Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 47ма седница на Совет на општина Новаци

47ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.05.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 46-та седница на Совет на Општина
    Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество (кофинансирање) на
    Општина Новаци во вториот повик за финансирање на техничка документација за
    инфраструктурни проекти, како втора фаза на проектот ,,Јакнење на општинските капацитети за
    имплементација на проекти (2022-2026) финансиран од Шведска и Бирото за регионален
    развој во РС Македонија,,;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за прифаќање на донација за изработка на
    проект за скејт парк во Новаци;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за изработка на проект за пречистителна
    станица во Новаци;
  5. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content