Соопштение за одржување на 44та седница на Совет на општина Новаци
44та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 43-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Статут за измена и дополнување на Статутот на Општина Новаци;
- Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2023 г.;
- Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Општина Новаци за 2023 г.;
- Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во Општина Новаци за 2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална хигиена“– Новаци за 2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“- Новаци за 2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци за 2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Завршна сметка на МЈП „Пелалинк“ за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 год.;
- Разгледување на Барање од Црковен одбор на манасторот „Св. Ѓоргија“ од с. Паралово за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци за одбележување на панихида;
- Советнички прашања.
.