Соопштение за одржување на 43та седница на Совет на општина Новаци
43та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.02.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 42-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Програма за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјоделски канавки покрај локални и полски патишта во Општина Новаци за 2024 година;
- Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програмата за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
- Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Планот за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;
- Разгледување и донесување на Акционен план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2024 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество на Општина Новаци за реализација на проект;
- Разгледување и усвојување на Извештајот за извршен попис на инвентар, опрема и возила за 2023 год. и Извештајот на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци за 2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за период од 01.01.2023 – 31.12.2023 година;
- Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за разрешување на 3 (три) члена од Надзорен одбор и именување на нови членови;
- Разгледување и донесување на Решение за именување на членови во заедничката комисијата за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Новаци и Општина Могила;
- Советнички прашања.