Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 42та седница на Совет на општина Новаци

42та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.01.2024 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 41-ва седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2023г. до 31.12.2023 год.;

3. Разгледување и усвојување на Годишен  извештај за реализација на договорот за ЈПП за 2023 година;

4.  Разгледување и донесување на Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;

5. Разгледување и донесување на План за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2024 година;

6. Разгледување и усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023г.;

7. Разгледување и усвојување на Извештај за организација на манифестацијата ,,Фестивал на жетвата,, Новаци 2023г.;

8. Разгледување на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општина Могила;

9. Разгледување на Барање од Борче Крстевски од Живојно;

10. Советнички прашања.

Back to top
Skip to content