Соопштение за одржување на 34та седница на Совет на општина Новаци
34-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 19.09.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 33-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
- Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско-корисна работа 2023/24 година, за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства на сите студенти, жители на Општина Новаци, кои ќе се запишат во прва година – прв циклус студии на државените универзитети во РСМакедонија;
- Разгледување на Годишен план за вработување на МЈП „Пелалинк“- Битола, за 2024 година и донесување на Одлука;
- Разгледување на Барање за субвенционирање на обврските на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за потрошена електрична енергија за водоснабдување;
- Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор;
- Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски “– Новаци за набавка на дигитална инфрастуктура;
- Разгледување на Барање од МЗ с. Живојно за еден камион песок, за потребите на црквата „Св.Спас“;
- Разгледување на Барање од МЗ од с. Живојно за 3 камиони чакал за санација на патот до црквата „Св.Спас“ и манастирот “Св.Петка“;
- Советнички прашања.