Соопштение за одржување на 31ва седница на Совет на општина Новаци
31-ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.07.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 30-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Информирање на Советот на Општина Новаци во врска со постапката за формирање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад;
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Стратегија за локален економски развој на Општина Новаци за период 2023 – 2028 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“-Новаци и неговите подрачни училишта, бр.14-105/10 од 31.01.2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за периодот 2023/24 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци;
- Разгледување и усвојување на Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 20223 год. на ЈПКД „ Комунална хигиена “- Новаци;
- Разгледување и усвојување на Финансиска програма за сезоната 2023/2024 год. на ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци;
- Разгледување и усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023 година, бр.14-1056/12 од 15.12.2022 г. и бр. 14-380/4 од 10.05.2023 год.;
- Разгледување и усвојување на Програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни ствари – деловени простории
- Разгледување на Барање од Здружение на Пелагониски културно-научни средби при Општина Новаци за финансиска помош за печатење на Зборник од Пелагониските средби одржани 2022 год.;
- Разгледување на Барање од Лиле Симоновска од Скопје за ослободување од сметка од ЕВН за улично осветлување;
- Советнички прашања.