Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 29та седница на Совет на општина Новаци

29-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 10.05.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 28-та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.;

3. Разгледување и донесување на Одлука за поднесување на барање за гранд на Јавниот повик за барања за обезбедување на финансиска помош во изработка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на Фондот за техничка документација;

4. Разгледување на Барање од Здружение меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК – ПМ 2001“ за организирање на традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест и сеќавање на Пеце Матичевски од с.Новаци;

5. Советнички прашања.

Back to top
Skip to content