Соопштение за одржување на 28та седница на Совет на општина Новаци
28-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 24.04.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
1. Разгледување и усвојување на Записникот од 27-та седница на Совет на Општина Новаци;
2. Разгледување и донесување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Новаци за 2023 г.;
3. Разгледување и усвојување на Извештај – преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2022 г.;
4. Разгледување и донесување на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
5. Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.;
6. Разгледување и донесување на Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општина Новаци;
7. Разгледување и усвојување на Програмата за начинот на изведување на училишни ексурзии и други слободни активности за учебната 2022/2023 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учениците од III (трето), VI (шесто ) и IX (деветто) одделение;
8. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
9. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Установата ОУ „Славко Лумбарковски“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
10. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
11. Разгледување и усвојување на Извештај од Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР при советот на Општина Новаци по објавен јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно – уметнички друштва, верски заедници и сл. од буџетот на Општина Новаци;
12. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Хрпелје – Козина, Република Словенија;
13. Разгледување на Барање од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за финансиска поддршка во организирање на отворен ден под мотото „УКЛО со пријателите – нови перспективи“;
14. Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.