Соопштение за одржување на 26та седница на Совет на општина Новаци
26-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 15.03.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
1.Разгледување и усвојување на Записникот од 24-та и 25-та седница на Совет на Општина Новаци;
2.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Општина Новаци за 2022 г.;
3.Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2022 г.;
4.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ с.Новаци за 2022г.;
5.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци за 2022 г.;
6.Разгледување и донесување на Предлог – План за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;
7.Разгледување и донесување на Предлог- Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година
8.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за спроведување на утврдени тарифи – водоснабдување на ЈКПД „Комунална хигиена“ – Новаци за 2022 г.;
9.Разгледување и усвојување на Годишен Извештај на извршените работи за одржување на јавната чистота во Општина Новаци на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;
10.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;
11.Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на средства за одбележување
на празникот на Општина Новаци “30 – ти Март“ 2023 г.;
12.Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на средства за одбележување на 117 години од смртта на војводата Ѓорги Сугарев на 25.03.2023 г.;
13.Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.